|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Папа тестот – спасува живот!

Редакција Рингераја, 9.8.2011
Папаниколау тестот е брза, едноставна и неинванзивна медицинска метода, со која се зема брис од материцата, а во прв ред служи за рано откривање на карцином на вратот на материцата и промените кои му претходат.

image
/11


 

Со Папа – тестот може да се откријат и воспалителни промени, а во некои случаи и точно да се идентификуваат причинителите на воспалението. Во клиничка пракса е воведен во педесеттите години на минатиот век, а го воведе американскиот лекар со грчко потекло Папаниколау, по кој тестот го доби своето име.

 

Кому е наменет?

Секоја сексуално активна жена и секоја девојка која наполнила 18 години, треба да направи Папа-тест барем еднаш годишно, континуирано во текот на целиот живот. Со така спроведеното тестирање се намалува ризикот на смртност од рак на вратот на материцата за 90%. Најдобро е тестот да се направи на 10-20 ден од првиот ден на последната менструација, а никако за време на крварење, бидејќи во таков случај еритроцитите ќе ги покријат епителните клетки кои се тестираат и ќе се оневозможи поставување на правилна дијагноза. Два до три дена пред тестирањето не би требало да се користат вагинални таблети, кремови, пудри или купки и еден до два дена пред тестирањето не би требало да имате сексуални односи. Сето наброено може да влијае на неправилна интерпретација на тестот и да се оневозможи откривањето на абнормални клетки.

 

Општо за тестот

Папа – тестот е потполно безболен, а го прави гинеколог додека жената лежи на гинеколошки стол.  Со внесување на спекулум гинекологот го гледа вратот на материцата, па со дрвена шпатула и дрвено стапче намотано со стерилна вата зема брис од страничниот дел на материцата и од каналот на вратот на материцата. Брисот од дрвената шпатула се пренесува на стакленце и се става во алкохол заради фиксирање (зачувување во иста состојба)  на клетките и со специјален метод се обојува, за да можат клетките на бидат видливи под микроскоп.

Папа-тестот, како и сите други тестови не е апсолутно точен и во некои случаи може да биде “лажно позитивен” или “лажно негативен”. За да се избегне ваква можност потребно е да се придржувате на претходно даденото упатство за однесување пред тестирање, а самото земање на брис за Папа-тест и неговата интерпретација треба да ја спроведат искусни и висококвалификувани гинеколози и цитолози.

Дури и во случаите кога се задоволени сите претходни услови постои можност за грешка во интерпретацијата на наодот, или тестот може да биде неадекватен за интерпретација. Најчести причини на грешка во интерпретацијата на тестот се јавуваат како последица на: неадекватно земање на брис, премал број на клетки во брисот, пренесување на клетките на стакленцето, неадекватна фиксација и боење што може да доведе до промена на клетките кои можат да наликуваат на абнормални клетки, земање на тест за време на менструација, или во случај на воспалителен процес во организмот кога е зголемено нивото на леукоцити. Без оглед на наведените можни грешки точноста на Папа-тестот е од 75-80 %, а во комбинација со колпоскопска и хистолошка анализа точноста му се зголемува на 95%.

 

Наод на Папа-тестот

Наодот на Папа-тестот може да биде:

  1. уреден
  2. без абнормални клетки, но со воспалителни промени и
  3. абнормален наод

Во случај на уреден папа наод се препорачува Папа-тестот да се повтори по една година.

Во случај кога со Папа-тестот ќе се утврдат воспалителни промени потребно е да се спроведе лечење и да се повтори Папа-тестот по лечењето. Освен воспалителни промени со Папа-тестот можат да се откријат и причинителите на воспалението: Leptotrix vaginalis, Gardnerella vaginalis, Trichomonas vaginalis, Chlamydia trachomatis или различни гливични инфекции Candida и Actinomyces, потоа т.н. мешана флора која е назив за кокоидни-стапчести бактерии, за кои не постои можност да се дефинираат. Наодот Bacillusa vaginalisa (Dоderleinov bacil) не претставува патолошки наод бидејќи таа бактерија е дел од природната вагинална флора.

Со Папа-тестот можат да се видат и промени на клетките на вратот на материцата кои упатуваат на инфекција со  вирус HSV (virus herpes simpleks) или HPV (Human Papiloma virus). Посебно е значајна инфекцијата со HPV кој се смета за еден од главните причинители за појава на карцином на вратот на материцата, а во брисот за Папа-тест се чита наод на карактеристични клетки кои се нарекуваат коилоцити. HPV често е сексуално пренослива болест, која се појавува кај млади жени и жени со повеќе сексуални партнери. До 60% од жените можат да бидат носители на вирусот без никакви симптоми.

Во случај кога е наодот на Папа-тестот абнормален не треба веднаш да се помисли на карцином, бидејќи клетките може да бидат абнормални, а сеуште да не се карциномски. Исто така треба да се запомни дека абнормалните состојби не преминуваат секогаш во карцином, иако во таква состојба постои зголемена веројатност за појава на карцином, па на лицата со таков наод им е потребно понатамошно следење и почесто тестирање.

 

Dr. sc. Davor Tomas, dr. med., specijalist patolog

Patologija 

 

Прочитајте уште:

Папа тест - класификација на наоди

 

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

7 чекори до здрава бременост
Со цел Вашата бременост и породувањето да поминат без никакви компликации, земете го во предвид Вашето тело пред да оста...
4
Со кого да разговарам за неплодноста?
Тешко е да се сподели тајната за неплодноста. Тоа значи да станеме отворени за прашања, коментари и критики.
3
Следење на овулација – исцедок од вагина (...
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на исцедок од вагината?
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?