|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Папа тест – класификација на наоди

Редакција Рингераја, 16.8.2011
Пред деталното објаснување и класификација на абнормалните наоди на Папа-тестот потребно е да се објаснат некои поими кои се сретнуваат во таа класификација како што се, дисплазија, CIN, CIS, SIL, ASCUS и AIS.

image
/11


 

Дисплазија

Дисплазија е состојба во која епителните клетки од вратот на материцата со својата величина и промените во јадрото, односно големината, се разликуваат од нормалните епителни клетки од тоа подрачје, но сеуште не се карциномски. Но таквите клетки имаат поголем потенцијал да станат карциномски. Со оглед на степенот на промени диспластичните клетки можат да бидат благо, умерено или тешко променети, па според тоа разликуваме три степени на дисплазија: блага дисплазија, умерена дисплазија и тешка дисплазија.

 

CIN, CIS и SIL

Многу често наместо називот дисплазија се користи терминот цервикална интраепителна неоплазија (CIN), при што зависно од дебелината на зафатените епителни клетки постои CIN I (промените зафаќаат околу 1/3 од дебелината на епителниот пресек и таа состојба е еквивалентна на блага дисплазија) CIN II (промените зафаќаат 2/3 од дебелината на епителниот пресек и таа состојба е еквивалентна на умерена дисплазија) и CIN III (промените зафаќаат повеќе од 2/3 од дебелината на епителниот пресек и таа состојба е еквивалентна на тешка дисплазија). Во случаите кога промените ја зафаќаат целата дебелина на епителниот пресек, но не ја пробиваат базалната мембрана (мембрана која го раздвојува епителот од врзното ткиво во кое се наоѓаат крвните садови и лимфните жлезди тогаш говориме за CIS . CIS е за разлика од инванзивниот карцином ограничен само на епителот и нема способност за метастазирање, но во таквите случаи постои многу голем ризик од напредување на болеста и појава на инванзивен карцином. Во наодот на Папа-тестот најчесто, наместо поимите дисплазија и CIN се користи терминот сквамозна интраепителна лезија (SIL), која исто така се однесува на диспластичните клетки на вратот на материцата при што SIL со низок степен (LSIL – low grade) одговара на CIN I –односно на блага дисплазија, a SIL со висок степен (HSIL – high grade) вклучува CIN II, CIN III и CIS односно умерена и тешка дисплазија.

 

ASCUS и AGCUS 

Во наодот на Папа-тестот многу често се употребуваат термините ASCUS (atypical squamous cells of undetermined significance) и AGCUS (atypical glandular cells of undetermined significance) кои означуваат атипични сквамозни (плочкасти) односно жлездени клетки со неодредено значење. Овие поими се користат за опис на случаи кога од одредени причини не е можно да се постави точна дијагноза, а претставуваат наод нетипични сквамозни и жлездени клетки кои не исполнуваат критериуми за дисплазија, CIN или SIL.

Уште еден поим кој е потребно да се објасни е AIS ( adenocarcinoma in situ) и претставува едноцервикален карцином in situ, односно карцином на вратот на материцата кој не ја пробил базалната мембрана и нема способност за метастазирање.

 

  1. ASCUS и ACUS-Hво случаите на ASCUS се препорачува Папа-тестот да се повтори за 4-6 месеци, а во случаите на ASCUS-H би било добро со контролниот Папа-тест да се направи и колпоскопија бидејќи кај 5-10% од пациентките со понатамошните испитувања се потврдува HSIL или во поретки случаи инванзивен карцином.
  2. LSIL (сквамозна интраепителна лезија со низок степен) која вклучува инфекција со хуман папилома вирус, блага дисплазија и CIN I. Во таквите случаи се препорачуваат чести клинички контроли (Папа-тест на секои 4-6 месеци) а во случаи на инфекција со хуман папилома вирус и типизација на вирусот. Кај блага дисплазија може да се очекува спонтано повлекување на промените кај околу 50-80% од случаите, во тек на една година, дури и ако постои инфекција со високоризичен хуман папилома вирус.
  3. HSIL – (сквамозна интраепителна лезија со висок степен) која вклучува умерена и тешка дисплазија CIN II, CIN III и CIS. Пациентките со ваква клиничка слика е потребно да се пратат на понатамошни испитувања што вклучува колпоскопија и земање примерок од вратот на материцата за патохистолошка анализа (биопсија) и врз основа на Папа-наодот гинекологот донесува одлука за понатамошна терапија.
  4. Во случај на дијагноза карцином на плочкестите клетки пациентката се упатува на дополнителни испитувања (колпоскопија, биопсија). Ако поставената дијагноза се потврди се продолжува со понатамошно лечење кое во прв ред вклучува хируршки зафат, а зависно од проширеноста на болеста може да вклучува и зрачење.

 

Жлездени (гландуларни) клетки

  1. AGCUS – се препорачува Папа-тестот да се повтори за 4-6 месеци
  2. AGCUS H – се препорачува понатамошна клиничка обработка на пациентката па зависно од дополнителните анализи, најпрво од патохистолошкиот наод, гинекологот одлучува за понатамошна терапија.
  3. Ендоцервикален карцином in situ (AIS) – се постапува како за наод AGCUS – H

Препорачаните понатамошни испитувања во сите случаи на абнормални наоди се оквирни и на секоја пациентка и се препорачува консултација со гинеколог за понатамошните мерки и постапки.

 

Dr. sc. Davor Tomas, dr. med., specijalist patolog

Patologija

 

Прочитајте уште:

Папа-тестот спасува живот

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.

 

 


 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да имате поквалитетни јајце-клетки за...
Во минатото се сметаше дека староста е единствен фактор кој го одредува здравјето на јајце-клетките и јајниците. Врз ос...
3
Видео: Тешкиот пат на сперматозоидите
Филмот што ќе го гледате објаснува како се создава човечко суштество и низ кои фази поминува за да настане. Овој филм е ...
3
7 чекори до здрава бременост
Со цел Вашата бременост и породувањето да поминат без никакви компликации, земете го во предвид Вашето тело пред да оста...
3
Наутро или навечер? Кога е најдобро да пра...
Верувале или не, имате поголеми шанси да имате бебе во одреден дел од денот. Погледнете со какви податоци дошле научници...
3




Анкета

Содржини на Рингераја
Julie1

Какви содржини најмногу сакате да читате (гледате) на Рингераја?

Стручни артикли од област на гиникологија (42%)

Стручни артикли од област на педијатрија (34%)

Стручни артикли од област на стоматологија (0%)

Артикли за убавина и мода (8%)

Анкети од познати личности и нивните бебенца (5%)

Видео содржини (11%)


Број на сите гласови: 38

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!