Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Постојат многу фактори кои можат да влијаат на здравјето на јајниците и јајце-клетките, вклучувајќи ги еколошките фактори, хормоните. исхраната и стресот.
Други фактори кои ја одредуваат плодноста на жената се:
- Добра циркулација
- Здрав менструален циклус
- Балансирани хормони и здрави јајце-клетки
Зошто е квалитетот на јајце-клетките важен?
Квалитетот на јајце-клетките е темел на плодноста. Квалитетот на јајце-клетките влијае на тоа да дојде до оплодување и имплантација и од тоа зависи дали бременоста ќе се износи до крајк. Во минатото се мислело дека сме родени со сите јајце клетки, кои ги имаме до крајот на животот и дека тие не се регенерираат. Неодамнешните истражувања покажаа дека жените создаваат дополнителен број на јајце клетки во текот на репродуктивниот процес. Научниците пронашле матични клетки во јајниците, кои произведуваат нови јајце-клетки.
Меѓутоа, староста сепак има влијание на новите јајце-клетки. Причина е стареењето на јајниците кои со време стануваат неоптимални за складирање на јајце-клетки. Ако ги заштитите јајце-клетките кои моментално ги имате и ако постигнувате здравје на јајниците низ исхраната, ќе ја зголемите шансата за бременост.
Циклусот на јајце-клетките трае 90 дена
На многу жени кои имаат проблем да забртеменат,. нивните лекари им кажуваат дека јајце-клетките не им се здрави, дека имаат лош квалитет и дека се стари. Опциите кои овие жени ги добиваат се користење на донаторски јајце-клетки, вонтелесно оплодување или посвојување. Но она што повеќето жени не го знаат е дека постојат работи кои можете да ги направите за да помогнете во зачувување на здравјето на јајниците и јајце-клетките, но тоа мора да се прави најмалку 90 дена пред да има ефект. Значи, циклусот на јајце-клетката која се подготвува за овулација трае 90 дена.
Во текот на овој период од 90 дена, јајце-клетката се менува и се подготвува за овулација. Во овој период таа е подложна на позитивните и негативните влијанија на следните фактори. Тоа се:
- Проток на крв
- Правилна оксигенизација
- Хормонски баланс
- Ухранетост
- Стрес
Тоа се факторите на кои треба да се фокусирате за да го зголемите квалитетот на своите јајце-клетки.
Проток на крв и правилна оксигенизација
Дотокот на крв богат со кислород до јајниците е од суштинско значење за добро здравје на јајце-клетките. Протокот на крв може да се намали како резултат на недостаток на вежби, дехидрација и густа крв.
За да го зголемите протокот на крв до јајниците, следете ги овие предлози:
- Пијте најмалку 8 чаши вода секој ден
- Дехидрацијата може да предизвика крвта да стане густа и да ја намали циркулацијата во организмот. Пијте пречистена вода која не се пакува во пластика.
- Вежбајте
- Вежбањето го зголемува протокот на крв во телото, носи свежа крв во сите клетки и помага крвта да се снабди со кислород.
- Одете на абдоменална масажа, или масажа за плодност.
- Една од најдобрите терапии за зголемување на протокот на крв за репродуктивниот систем е масажа на материцата и јајниците. Масажата и помага на крвта збогатена со кислород да дојде до јајниците и да се тргне застоената крв. Исто така, масажата за плодност можете да ја правите и во вашиот дом.
Храна која го зголемува квалитетот на јајце-клетките
- Матичен млеч
- Брокула
- Малини
- Темно лиснат зеленчук
- Лосос
- Семки од тиква
- Сусам
- Куркума
- Ѓумбир
Работи кои можат да го загрозат квалитетот на јајце-клетките
- Цигари
- Кофеин
- Алкохол
- Шеќер
- Неорганско месо и млеко
- Вештачки сокови
- Исхрана со малку масти
- Преработена храна
- Трансмасти
- Генетски модифицирана храна
- Суплементи
- Мултивитаминиж
- Стрес
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што да направиш ако постојано мислиш на бившиот?
Мислењето на бившиот партнер не значи дека си слаба, дека си заглавена...
Што да направите пред да планирате бебе?
Одлуката да планирате бебе е период кога е важно телото, умот и секојд...
Еден модел за сите? Митот за четиричленото семејство
Станови со „идеални“ 60 квадрати, хотелски соби за „двајца возрасни и ...
Воспаление на јајниците. Што треба да знаете?
Воспалението на јајниците, медицински познато како оофоритис е состојб...
Како да ги вклучите мажите во “baby shower”?
Дарувањата за бебето одамна престанаа да бидат настани само за жени. ...