AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Шпикозни опкружени со стотици празни шприцови и шишенца за таблети стојат во фокусот на моќна фотографија со која пар објави дека очекува близначиња.
Трудницата Лорен Вокер покажа низ што сè минуваат жените кои се соочуваат со неплодност и кои надежта дека ќе станат мајки ја гледаат во ин витро оплодување.
Се молевме 953 дена.
452 игли
Илјадници солзи
1 корективна операција
4 обиди со кломифен/летрозол
2 ин витро оплодувања
3 неуспешни трансфери
И 1 неверојатен БОГ.
Ние сме пресреќни што конечно можеме да соопштиме дека очекуваме момче/девојче БЛИЗНАЦИ!!!
Дук и Дијана Вокер - август 2017.
Вадењето на овие игли за да ја направам оваа фотографија беше... надреално.
Кога стигнав до половина, моите раце започнаа да треперат, дишењето ми запре
и морав да прекинам. Седнав, ги погледнав и почнав да плачам.
Плачев не затоа што бев тажна, за тоа колку многу беше потребно
за да стигнеме до овој момент,
туку затоа што тоа го претставуваше мојот свет, нашиот свет,
во изминатите две и пол години.
Имаше многу болка, надеж и страв зад секоја од тие игли. Секоја од нив претставува
различен ден, различен пат, различна емоција.
Откако добро се исплакав, колку повеќе гледав во иглите, толку повеќе
тие избледнуваа.
Сега се што гледам се овие малечки шпикозни кои толку совршено
го сумираат нашето патување: Вредеше чекањето. И чекањето, и чекањето,
и чекањето.
Најтешкиот дел од ова патување не беше вештачкото оплодување.
Најтешкото за мене беше што поминав низ цел циклус за на крајот
да губам ембрион по ембрион. Стигнав толку далеку за на крајот да имам
спонтан абортус.
"Многу ни е жал г-ѓо Вокер, но вашиот последен обид беше неуспешен."
Се сеќавам на тој ден, беше два дена пред Божиќ 2015 година.
Помислував дека е сон или можеби тивок кошмар.
Се чувствував скршена и празна физички, емоционално и духовно.
Се сеќавам на ноќите кога го стискав распарченото срце и
празната утроба и плачев, му викав на Бог прашувајќи го: Зошто?
Што не е во ред со мене? Што уште сакаш да направам?
Мојата верба беше тестирана секој пат. Но, моето срце ми кажуваше
да продолжам понатаму. Да не се откажувам.
Понекогаш погледнувам наназад и не можам да поверувам дека издржав.
Тоа не ме скрши. Пријателите и семејството нe охрабруваа,
помагајќи ми да се искачам на таа огромна планина која стоеше пред мене.
Деновите во кои се лизгав и мислев дека нема да можам да продолжам,
мојот сопруг беше до мене за да ме фати и да не ми дозволи да паднам.
Гарит Вокер, ти си најтрпеливата, најмудрата и најцврстата личност која
некогаш зачекорила на оваа земја. Ти навистина го одеше со мене
секој чекор од овој пат.
Велат дека Бог ни дава онолку со колку што можеме да се справиме.
Па, Тој сигурно имал многу високо мислење за нас.
Колку и да беа болни изминативе години, почестена сум што
Тој го избрал овој пат за мене.
Тој ми ја покажа моќта на вербата, утехата во молитвата
и силата која никогаш немаше да ја пронајдам сама.
Над сето тоа, Тој не благослови не со едно чудо, туку ДВЕ.
Кога ја видов првата снимка од ултразвукот и да држев нивната слика,
се сеќавам дека плачев... се тресев... гледав во нив и повторував:
Мама ве сака. Мама ве сака. Мама и тато ве сакаат.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...