Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Одлично ти оди!
Многу жени, кои за прв пат станале мајки се соочуваат со несигурност и различни емоции: Дали тоа плачење значи дека бебето е гладно? дали го мачат грчеви или пелената му е мокра? Со тек на време мајките ќе почнат да го разбираат плачот на детето, но во почетокот мало охрабрување значи многу: Не грижи се мамичке, се ќе биде во ред. Добро се снаоѓаш и одлично ти оди!
Ќе биде полесно
Со оваа реченица бидете внимателни бидејќи знаете...се работи за хормони. И недостаток на сон. И бебето кое плаче без престан. Кажете и без премногу објаснување дека со тек на време ќе и стане полесно и подобро, нешто како: “Драга, знам дека ти е тешко. И јас поминав низ тоа. Ти навистина добро се снаоѓаш со се, а понатаму ќе биде и полесно.”
Не можеш и не мораш да бидеш совршена
Објаснете и дека совршена мајка не постои. за да биде најдобра мајка на детето само треба да се труди колку повеќе може. Мајчинството е полно со искачувања и падови. Кажете и да не биде премногу критична кон себе и да не се обесхрабрува ако нешто не тргне така како што наумила. Како и за се останато – со вежба се доаѓа до совршенство.
Можам ли некако да ти помогнам?
Повеќето мајки веројатно ќе ја одбијат оваа понуда, но тоа е во ред. Не инсистирајте. Наместо тоа помогнете и да ја крене количката, соберете ги и спакувајте ги играчките ако сте на заедничко кафе, или обидете се да го анимирате бебето кое плаче. Дури и кога мајката ќе одбие, самата понуда може да значи многу. Ако сте и блиска пријателка може да и понудите да поспие, додека вие го чувате бебето, бидејќи верувајте, на некои мајки тоа им значи повеќе од злато.
Бидете вистинска пријателка, бидејќи и таа вас некогаш ќе ви треба да биде тука за вас.
Да се има помош значи многу, посебно на мајките кои штотуку родиле.
Ако ова ви се допадна и ви значеше, споделете го со другите мајки.
6
5
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Како да го користите циклусот во ваша корист?
Менструалниот циклус не е важен само за репродуктивното здравје. Тој в...
Врската со бебето започнува уште во бременоста
Врската меѓу мајката, таткото и бебето не започнува со породувањето. Т...
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?