|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што Ви нуди Детското катче на Рингераја.мк

Редакција Рингераја, 25.10.2010
Благодарение на годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија, за финансирање на проекти од национален интерес во културата, се подготви и реализира проектот „Детско катче“ на интернет медиумот Рингераја.мк.

image
/11


Проектот „Детско Катче“ на интернет медиумот Рингераја.мк го овозможи Министерство за култура на Република Македонија, како проект од национален интерес во културата за 2010 година.


Мило детенце,


Си била еднаш една земја Македонија. Таа била најубавата земја на светот, земја со најубавите езера, најбрзите и  најбистри реки, најплодородните полиња, најубавите девојки, најхрабрите момци. Во таа земја се печел најубавиот леб, се правел најубавиот ајвар, се пееле најубавите песни, се играле најубавите ора, во таа земја најмногу се љубело и страдало заради љубов. Секоја свадба, секоја веселба биле најубави, затоа што се пиело најубавото вино, но и секоја загуба на сакано лице била најтажна, затоа што во таа земја најмногу се сакал ближниот.

Оваа земја била најубава затоа што токму ТИ живееш во неа. Оваа земја те сака откако беше најмало бебенце, оваа земја те прегрна, преку прегратките на твојата мајка, кога дојде на свет, оваа земја ги бакна твоите ножиња кога за прв пат го допреа тлото.

Оваа земја ти нуди бескрајни богатства, многу мудрост и знаење, пренесувани од колено на колено. Оваа земја ја отворила својата душа и ќе те научи на се', оваа земја ја раширила својата прегратка за да те прегрне, стопли и за да ти ја раскаже приказната за неа...

На ова место од твојата земја можеш да ги најдеш најубавите приказни, најубавите песнички, игри, гатанки, народни гатанки, поговорки, брзозборки, басни. На ова место можеш да го запознаеш волшебниот свет на македонските волшебни приказни, на чудесен начин да го запознаеш настанокот на светот, преку македонските преданија, овде ќе ги запознаеш убавините на твојата татковина, нејзината песна и игра. На ова место е твојата приказна за добра ноќ, на ова место твојата земја Македонија ќе ти ја раскаже приказната за себе...

 

Драги родители,


Намената на детското катче не е децата да се задржуваат на компјутер и интернет, туку целта е нивните родители на едно место да најдат идеи и материјали за забавно поминување на заедничките моменти, кои истовремено ќе му помогнат на детето во развој на своите интелектуални способности и креативност. Детското катче ќе Ви помогне преку игра да го следите и да помагате во напредокот на способностите на Вашето дете. Најголем акцент е ставен на зачувување на македонската култура. Преку народните песнички, приказни и игри како и можноста до нив да пристапите бесплатно, ќе им овозможите на Вашите деца да растат со македонската култура. Во понатамошните продолженија на проектот се предвидува презентација и на останатите култури на националностите во Македонија.

Цели на детското катче:

o   На родителите да им се понудат идеи за поучни, забавни, мисловни, креативни игри. На таа возраст играта одлично се вклопува во интелектуалниот и емотивниот развој на детето како и развојот на уметничките таленти.

o   Со разнородното градиво родителите ќе можат да се погрижат децата да бидат подолго време мотивирани, со што побрзо ќе го градат и зацврстуваат своето знаење.

o   На порталот се вклучени народски приказни и песнички кои се  раскажувани, пеени и пренесувани од колено на колено. На тој начин нема повеќе да Ви се случува да заборавите некој дел од песничката кога ќе им ја пеете на децата. Со тоа активно би го поддржувале развојот на македонската култура и јазик и на малите би го втемелиле македонскиот идентитет.

o   Интернетот како медиум ни обезбедува сите овие градива да бидат достапни до сите Македонци кои се во странство, а со тоа индиректно да ги поврзе за својата земја, јазикот, културата на одгледување и растење на детето. Исто така на малите македонски дечиња кои иако растат во друга земја да им ја всади љубовта кон својата татковина и културата уште од мали нозе преку песна и игра.

o   Целото градиво можете бесплатно да го пренесувате и да го печатите во сакан број на примероци. На тој начин е можен побрз и поефтин пристап до квалитетни дидактички материјали.

 

Детското катче е интерактивно. Можете слободно да се вклучите во надградување на неговите содржини. Раскажете ни ги приказните од Вашиот крај, запејте ни ја песната на Вашите баби, кажете ни ги гатанките на Вашите дедовци, пренесете ни го пулсот на Вашата Македонија.

 

 

Влезете во волшебниот свет на земјата Македонија

 

Зачекорете во детското катче на Вашата Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Како да се смирите кога ќе Ве разлутат дец...
Да не бев толку поспана и раздразлива, можеби ќе се смеев на нивната реакција, но овојпат ми се чинеше дека нивната еди...
4
Рачно изработени подароци за 8-ми март
Кажете “Те сакам мамо!” со подарок од срце. Еве неколку идеи како да направите осмомартовска работилница со децата
4
ХОТЕЛ ШПИК, во прегратка на недопрената пр...
Летото пред три години единственото Алпско одморалиште Шпик го здогледа светлото на светот, кое се наоѓа под врвовите на...
4




Анкета

kade se olucivte da patuvate na odmor so vaset_o bebe
milence

kade ste odlucile da patuvate na odmor so vaset_o bebe

na more (68%)

na esero (16%)

na selo (12%)

na bajni (2%)

kaj rodnina os drugo mesto (2%)


Број на сите гласови: 122

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!