Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Jeanette и Arthur Fardelin се родители на пет деца, зачнати во ист ден со помош на вештачко оплодување, а со шест години разлика. Децата со црвена коса и сини очи го исполнија сонот за големо семејство на Jeanette и Arthur Fardelin.
Мили им е првото дете родено во 2006 година, додека Адам кој сега има четири години дојде две години подоцна. По нив се роди Метју, кој сега има две години а минатиот месец се родија близнаците Исак и Лулу.
Експертите велат дека знаат за ниту еднен друг случај каде што пет браќа и сестри биле родени во различни времиња од ист круг на третман за оплодување.
“Не можеме да им се заблагодариме на лекарите доволно за она што го направија за нас. Не се осмелувавме да имаме сон дека некогаш ќе имаме едно дете, а не пет деца, зачнати од иста серија на јајце клетки. Тоа што ни се случи е навистина неверојатно.”
Двојката стапила во брак во 1994 година и во три круга на неуспешен ИВФ третман претрпе болка од загубата на нивната ќерка Хети која беше родена во 38. недела во 2003 година.
Две години подоцна тие се обидоа да зачнат со помош на ИВФ по четврти пат но не се осмелуваат да се надеваат повторно.
Оваа серија на ембриони беше зачетокот на големото семејство кое го имаат денес. По првиот трансфер госпоѓа Фарделин веќе беше бремена а останатите ембриони беа замрзнати.
Мили е родена во февруари 2006. година како здраво бебе со тежина од 3.200 грама.
“Бевме вчудоневидени до Месечината”, рече госпоѓа Фарделин која живее со својот сопруг во Ливерпул.
Кога Мили имаше 15. месеци вранотените во болницата во Ливерпул се согласија да се обидат на Мили да и подарат брат или сестра. Адам е роден во јануари 2008. година, три недели порано, со тежина од 2650 грама. “Имавме црвенокоси син и ќерка, бевме воодушевени!”
Осумнаесет месеци подоцна двојката се одлучи за бебето број три. Матеј е роден во февруари 2010. година со царски рез.
Минатата година госпоѓа фарделин остана бремена со близнаците Исак и Лулу. Те се родени на 28 јуни. оваа година.
“Се чувствуваме благословени. Во еден период од животот бев убедена дека никогаш нема да стѕанам мајка, но погледнете ме сега” изјави таа.
Професорот Charles Kingsland, гинеколог во болницата во Ливерпул и водечки авторитет за вештачко оплодување изјави: “Исклучително редок случај е жена која има неколку замрзнати ембриони да успее сите да ги претвори во живи и здрави бебиња. Сите сме воодушевени.”
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Дохраната е возбудлив момент за секој родител бидејќи бебето започнува...
Среќата не е нешто што ќе ни го подари некој друг, ниту нешто што ќе с...
Како родителството ја менува динамиката на врската?
Станувањето родители е еден од најголемите пресврти во животот на една...
Влијанието на исхраната врз имунолошкиот систем
Имунолошкиот систем е нашиот „телохранител“, сложен механизам кој не ш...
Тампони, влошки, менструална чашка
Секој месец, жените се соочуваат со исто прашање: кој е најудобниот и ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?