Мајчиното млеко содржи 5 важни состојки кои му помагаат на бебето да расте, состојки кои не можат да се пронајдат во млечна формула, бидејќи не можат да бидат репродуцирани. Ви ги претставуваме петте состојки и нивниот бенифит во животот на бебето
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Протеини:
- Протеинот кој го содржи мајчиното млеко полесно се вари, во нежното стомаче на бебето, од другите протеини.
- Супстанцијата наречена таурин, која е пронајдена во мајчиното млеко, е задолжена за правилен развој на мозокот и очите на бебето.
- Лактоферин-от, врзувачки протеин на железото, кој е исто така пронајден во мајчиното млеко, го намалува степенот на железо кој е изложен на бактерии, виновни за анемија кај бебињата.
Дигестивни масти:
- Мастите се составен дел на мајчиното млеко и тие се оние кои му ја даваат на бебето потребната енергија. Квантитетот на мастите е најголем на почетокот на доењето и се намалува со неговото привршување.
- Липаза е ензим кој ги раствора маснотиите со цел тие да бидат полесно апсорбирани во крвниот систем.
- Масните од мајчиното млеко се многу важни за правилен развој на мозокот на бебето.
Хормони и ензими
- Овие два елементи, кои не можат да се најдат во млечна формула, се оние кои влијаат на метаболизмот на бебето, на неговиот ментален и физички развој.
- Важна состојка, пронајдена во мајчиното млеко е лизозом, кој ги штити цревата на бебето од бактериска инфекција.
Витамини и минерали
- Витамините и минералите се значајна компонента во мајчиното млеко. Тие се од голема важност бидејќи се веќе обработени и многу побрзо се апсорбираат во крвотокот, што помага за побрз развој на доеното бебе.
- Значајни минерали кое се пронајдени во мајчиното млеко се: железо, калциум и фосфор.
Имуноглобулини
- Уникатната состојка на мајчиното млеко се имуноглобулините. Тие можат да се најдат единствено во мајчиното млеко и се најдобри борци со бактериски и вирусни инфекции.
Ова се петте неверојатни состојки на мајчиното млеко, кои не можат да се најдат во млечна формула, ниту во ниедна друга храна, а кои се најважни за правилен раст и развој на бебето.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
6
Како да му помогнете на телото да се опора...
Стресот е природна реакција на организмот кога се соочува со притисок, опасност или предизвик.
5
10 можни причини за грчеви по менструацијата
Грчевите се многу чести пред и за време на менструацијата, но може да се појават и по завршувањето на истата. Во ов...
4
Започна гласањето за Ѕвезда на бебе календ...
Гласањето започна, но вие се уште можете да го пријавите вашето дете за "Ѕвезда на бебе календар 2021
4