namesp во 10:12
Митови и факти за бебешката храна - 2 дел
Bebelan, 11.3.2015
Овозможено од
Митови и факти за бебешката храна - 1 дел
4.Вежбите ќе го направат вашето мајчино млеко-кисело
ЗАБЛУДА: Не, доколку тоа се однесува на Вашето бебе.
Општо мислење е дека вежбањето произведува високо ниво на млечна киселина во мајчиното млеко, кое ми придава непријатен вкус. Но, последните испитување покажуваат, дека бебињта не забележуваат никаква разлика. И што и да правите, немојте да го подигнувате нагоре вашиот стегнат спортски прслук за да доите. Стегнатата ластика може да доведе до запушување на каналите.
5.Ќе бидете гладни кога доите
ТОЧНО: Доењето согорува дополнителни 500-600 калории на ден. Очигледната позитивна страна е, дека ќе ги загубите несаканите маснотии побрзо отколку ако бебето се храни со млечна формула од шише. Недостатокот е што секогаш сте гладни. Сега за сега продолжете со нормалниот режим. Јадете три здрави оброци на ден, а ако сте гладни меѓу нив (а ќе бидете!) дополнувајте со хранливи здрави оброци како овошје, сирење, кисело млеко, мусли, полнозрнест тост, исто така пијте многу течности (особено вода и обезмастено млеко).
6.Доеното бебе нема да спие навечер, додека не почне да јаде цврста храна
ЗАБЛУДА: Вашето бебе ќе спие ноќе, кога за тоа ќе биде спремно
И тоа зависи од низа фактори, како големината на бебето, неговиот карактер и навиките за сон. Доените бебиња се хранат почесто, отколку бебињата хранети со млечна формула, особено во првите месеци, затоа што мајчиното млеко се вари побрзо од формулата за доенчиња
,,Редовно проверувајте го нашиот оддел „Митови и факти за бебешка храна“ на web страната: www.bebelan.mk за да откривате нови, актуелни, интересни и полезни приказни.
Ако Ви се допаѓа оваа статија, и мислите дека и некој друг може да има корист од информацијата во неа, слободно споделите ја.
Следете н? и на Facebook на: https://www.facebook.com/Bebelan.Macedonia “
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Менингитис е болест поврзана со воспаление на заштитните мембрани кои го покриваат мозокот и 'рбетниот мозок. Етиологија...

Ништо не може да го замени чувството кога ќе го видите вашето бебе како расте и напредува! Но, паралелно со тоа доаѓаат ...

Што се случува, од каде толку инфекции? Во градинките и училиштата скоро една третина од децата се на боледување. Едни к...
