Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
По повод светската недела на доењето, сакам да ја изразам мојата неизмерна благодарност што бев благословена да ги дојам моите две деца.
Доењето честопати е предизвик, особено на почетокот, може да биде многу болно, неописливо тешко и бескрајно долго во ноќите, но сепак тоа е најдоброто искуство што некогаш сум го доживеала, заедно со мајчинството. Сакам да ги охрабрам и поддржам сите мајки кои пробуваат да дојат, не постои ништо похранливо што можете да му го дадете на вашето дете, притоа обезбедувајќи му имунитет кој е скапоцен, чувство на сигурност и создавате врска помеѓу вас која е неверојатно смирувачка за двајцата. Но, и да искажам искрена поддршка до оние кои не успеваат во тоа, сите сме еднакво мајки и сите го сакаме најдоброто за нашите деца.

Најмногу од се, сакам да кренеме глас за доење во јавност, да доиме секогаш и секаде кога бебето има потреба за тоа. Не е срамота, не е вулгарно, не е желба за внимание, едноставно е право на бебето да се храни, да ја изгасне својата жед, да се смири, да биде поблиску до мама. Доењето е многу повеќе од храна, доењето е љубов, доењето е живот.
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...
Зошто разделбата од семејството може да биде тешка?
Заминувањето од семејниот дом, преселбата во друг град или земја, па д...
Зошто е важен датумот на последната менструација?
Датумот на последната менструација е многу поважен отколку што можеби ...
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...