Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Пред бременоста можеби (само) сте ги броеле калориите, а сега морате и добро да внимавате што јадете. Диети за време на бременоста не се препорачуваат, бидејќи не се безбедни. Мора да се здебелите, затоа што мора своето тело да го подготвите на исхрана и раст на бебето. Новороденчето е тешко само 3 или 4 килограми, а вие ќе се здебелите многу повеќе. Количеството на крв во телото се зголемува за околу 50%; во телото има многу течности и ткива, кои го потпомагаат правилниот раст и развој на Вашето дете. Ако не се здебелите доволно, Вашето дете може да има прениска тежина. Бебињата кои не се потешки од 2,5 кг се изложени на различни болести и проблеми во развојот.
Моментално се препорачува идната мајка да се здебели во бременоста околу 11-16 кг. Многу млади, а и многу слаби жени најверојатно ќе се здебелат околу 14-20 кг. На жените со преголема тежина им препорачуваме да не се здебелуваат повеќе од 14 кг.
Во бременоста телесната тежина не се зголемува рамномерно. Во првото тромесечје расте многу полека, килограм или два месечно. Во следните шест месеци ќе добивате приближно околу пола килограм неделно. Многу е важно тежината да ја добивате полека и рамномерно. За секоја неочекувана промена на тежината морате да се јавите на својот гинеколог.
Кога ќе ослабете?
Првата недела после породувањето ќе изгубите околу 6 кг. Потоа за брзо губење на тежината ќе помогне поголема активност, доење и ноќно станување. Со нормална исхрана не мора да се плашите дека нема да ги изгубите вишокот на килограми. Ако го доите своето бебе, килограмите ќе исчезнуваат без диета.
Дел од добиената тежина во бременоста се чува како резерва за доење. Дневно Вашето тело од таа резерва ќе потроши околу 100 до 150 кило калории за производство на млеко.
Не заборавајте:
- плацента: 1,2 кг,
- плод: 5,1 кг,
- крв, дополнителна течност: 3 кг,
- матка, гради, задник, нозе: 2,7 кг,
- течност: 1,5 кг.
забава Бремените
Автор: bobik
Витамин Ц за време на бременост. Зошто е толку важен?
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ бројни промени,...
Зошто рацете стареат побрзо од лицето?
Кога зборуваме за стареење, најчесто мислиме на брчките на лицето. Но,...
Врската меѓу хормоните и коскеното здравје
Коските се многу повеќе од „структура“ на телото. Тие се живо ткиво ко...
Матични клетки vs. обични клетки: Кои се разликите?
Кога зборуваме за човечкото тело, сите знаеме дека е составено од мили...
Често слушаме совети од типот: „Пиј повеќе вода, ќе ти се исчисти кожа...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?