|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Магична формула за забременување

Редакција Рингераја, 15.10.2019
Кога се работи за забременување, многу пати ќе слушнете: “Престанавме да се пазиме, па кога ќе биде-биде”. Оваа реченица еден ден ќе ни се удри како цигла во глава. Ова е Балкан, но ние не сме нашите прабаби

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Тоа значи дека треба да бидете отворени кон информации. Не плашете се од нешто што е ново, бидејќи не морате да преживувате се околу бременоста на најтежок можен начин.

 

Погодете ги плодните денови

Како што знаете, битно е сексуалниот однос да се случи во време кога имате плодни денови. Многу жени не знаат кога им се плодните денови и се потпираат  на својот инстикт, на броењето денови, или го применуваат принципот – што почести сексуални однови тоа подобро. Секако, жените имаат и попрецизни начини на правење бебе.

 

Метод број 1

За попрецизно одредување на плодните денови можете да користите производи од типот на мини микроскоп кој забележува зголемена количина на сол во плунката. Нивото на солта расте во текот н аплодните денови, заради влијанието на зголеменото лачење на хормонот естроген. Овој начин може да помогне, но може да добиете лажно позитивни резултати за плодните денови. Тоа се случува кога во вашата плунка од различни причини се најде повеќе сол, а тоа нема врска со лачењето на хормони. Од друга страна, жените кои имаат хормонски дисбаланс исто така може да добијат збунувачки резултати.

 

Метод број 2

Можностите кои им се денес на располагање на жените се многубројни. Во аптеките може да се најдат LH ленти и LH тестови кои се еден од посигурните начини за одредување на плодни денови.

 

Последно напишано но никако неважно

Денес е многу лесно да се чуе: “Мисли позитивно”. Тоа стана премногу модерно и почнаа да не затрупуваат со таа сентенца. Без оглед на се, вистина е дека позитивните мисли помагаат. Доколку докторката ви објасни дека веројатноста да забремените е помала од малите, може да ве држи лошо чувство неколку дена. После тоа, дигнете ја главата, отворете ги очите, срцето и душата за успех. Барајте начини и верувајте дека ќе успеете. После тоа ќе се мислите дали креветчиња на спрат се добро решение за вашето многучлено семејство.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Видео: Како сперматозоидот се претвора во ...
Бременоста е прилично комплициран процес кој има неколку чекори. Се започнува со сперматозоид и јајце-клетка
4
Колку трае нормален менструален циклус?
Менструалниот циклус е важен показател за репродуктивното здравје на жената. Иако многумина сметаат дека циклусот секога...
3
Дали може да забремените ако имате ХПВ?
Позитивниот ХПВ тест не значи дека треба да се откажете од плановите за бременост. Во најголем број случаи, ХПВ сам по с...
3
Овулација 101: Сe што треба да знаете
Откријте што точно се случува во вашето тело секој месец, кога сте најплодни и како можете да го препознаете моментот на...
3




Анкета

Државно или приватно
mami

Да имате услови да бирате би се одлучиле за :

државна пракса (21%)

приватна пракса (79%)


Број на сите гласови: 14

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!