|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
По повод 16 дена кампања насилство против жени и деца

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Го знаеш ли чувството на жртва, а не си ?!

Го знаеш ли чувството на винa, а не си ?!

Го знаеш ли чувството на страв од неуспех ?!

Го знаеш ли чувството на тивок плач ко невино дете ?!

Го знаеш ли чувството на допирот валкан врз кревко тело ?!

Го знаеш ли чувството на немоќ и гласот на бес од вината во себе си ?!

Го знаеш ли чувството што те држи во грло и ти доаѓа да вриштиш и пиштиш, ама се сепнуваш ?!

Не! Не! Не го знаеш крикот во душата што ти го копа срцето, ти ја покрива душата и те фрла таму во бездна како веќе употребено и повеќе неупотребливо средство.

Не! Не! Не го знаеш гласот кога ти е сепнат од немоќта и не си свесна за оној другиот глас во себе си, оној храбриот што гласно и јасно ти говори за вредноста на твоето постоење.

Не! Не! Никој, ама баш никој не може да ти земе и скрши толку, колку што ти поседуваш во себе си.

Не! Не! Лага е дека твојата вредност е нула, одлична основа е за тоа дека ти си темелот за градење и надоградување на твоето битие.

Не! Не! Лага е дека не си доволно силна и не можеш, можеш да ги допреш врвовите, затоа што ти си креаторот на ТИ.

Ниту еден атом од себе си не е достоен за ниту тронка дамка и угнетување, твојата моќ за НЕ е исто толку моќна колку што е твојата нежност и маленкост.

Ниту една секунда не заслужува да дише и издише твојата душа близу оној чија душа ти ја трули, миксира и создава како сирова храна по свои вкусови и рецепти.

Избриши ги солзите и крени ја главата женo!  Биди горда на себе си така како што си создадена за тоа што си намерена. Ја имаш моќта,  онаа  моќ да го чуваш и негуваш своето малечко до последен здив. Со сите свои доблести и борби. Биди примерот за своето мало, за достоинство и почит. Научи го за тоа што е љубов и да ја прима вистинската љубов без притисок и очекувања.

Крени го гласот !

Не чувај го во себе си !

Гласот е да биде слушнат ! Глас за твоите мечти  и желби, за твоите достигнувања и сонувања. За твоите можности и вредности за создавање.

Само ти си креаторот на твоето ТИ!

 

29.11.2022

Марија Симоноска

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рингераја дружење
20 јули 2009 година, Парк, 18 часот – организиравме средба на корисниците на Рингераја за да ја запознаеме нашата членк...
3
Еден сендвич, две деца - што ќе се случи?
Дали децата ќе се степаат? Дали ќе го поделат сендвичот? Погледнете...
3
Анализа на посетеност - Јули - Август 2013...
Последниот месец Рингераја.мк забележа рекордна посетеност во сите години на нејзиното постоење! Погледнете ги бројките
3
Добитници на награди - среда
Лудо и незаборавно кликање во третиот натпреварувачки ден! Погледнете ја листата со добитници
3




Анкета

Kozmetika
AnMari

Dali mlekoto za telo sozdava otrovi koi vleguvaat vo majchinoto mleko?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!