Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Дулата Маја Трајковска ќе ги запознае заинтересираните со тоа што претставува дулата и која е нејзината улога во текот на бременоста и породувањето на идната мајка, како и на нејзиното семејство. На предавањето ќе биде прикажан и краткиот документарент филм „Клучната состојка - дула“ (The essential ingredient Doula).
Настанот ќе се одржи во петок, 27-ми март 2015г., од 18 до 19.30 часот во Центарот за интегрална јога ДАРМА, ул. Шарски одред бр.7 во Скопје
* * *
Што е дула? Дула е емотивна, физичка и психолошка поддршка и помош на родилката за време на породувањето. Тоа е личност која верува во способноста на секоја жена да се породи, која ја знае вредноста и радоста на раѓањето, и која е способна да верува во родилката дури и кога таа самата и другите околу неа се сомневаат. Дула е збор со грчко потекло и значи служителка. Дулата ќе и помогне на родилката да ја заземе положбата која најмногу ? одговара, ќе ја масира за да ? ги олесни болките, ќе ? става облоги, ќе ја држи за рака со цврсто уверување дека таа може да пројде низ процесот на породување. Или, доколку родилката го сака тоа, само ќе седи покрај неа и ќе биде присутна за неа.
Важно е да се знае дека дулата не е исто што и бабица. Бабицата е медицинско лице, кое има знаење и вештини да биде со родилката за време на породувањето и се грижи се да пројде во најдобар можен ред од медицинска гледна точка. Дулата не е медицинско лице, иако многу добро ја познава физиологијата на породувањето. Дулата исто така е поддршка и на самата бабица, никогаш нејзина замена.
Односот на дулата и родилката започнува уште за време на бременоста, кога тие се запознаваат и среќаваат неколку пати пред породувањето. За време на тие средби дулата и родилката имаат можност да се запознаат подобро, да разговараат за желбите, плановите, сомнежите и стравовите на родителите.
Од голема важност е дулата и родилката да бидат на иста бранова должина, меѓусебно да се разбираат и со леснотија да остварат блискост и взаемна доверба.
Дула може да се стане со завршување на обука преку неколку етаблирани организации во светот. Најголемата од нив е DONA INTERNATIONAL, специјализирана за обука и промоција на дулите. Доколку постои интерес, обука за дули може да се организира и во Македонија.
9
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Соодветни мача рецепти за бремени жени
Мача чајот е познат по антиоксидансите, нежната енергија и смирувачкио...
10 знаци дека сте преминале од вљубеност во љубов
Кога пеперутките се смируваат, а чувството станува подлабоко....
Совети за природна подготовка за породување
Подготовката за породување не започнува со контракциите, туку многу по...
Од која недела фетусот може да чувствува болка?
Прашањето дали и кога фетусот чувствува болка е тема која често се пој...
Најдобри вежби за жени кои се обидуваат да забременат
Кога се обидувате да забремените, фокусот често е на исхраната, суплем...