|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога дедо одел на училиште

Детско катче, 1.9.2021
Волшебни приказни

image
/11


Во една мала куќичка, на крајот на селото си живееле еден дедо и една баба. Многу години ги беа навасале, па неможеле да работат како на младост. Ги стегнала таква немаштија, што крај со крај не можеле да состават. Им здодеало да гладуваат и да мрзнат. Еден ден дедото и рекол на бабата.

-          Бабо, има ли крај на нашите маки?

А таа:

-          Нема дедо, а знаеш ли зошто? Затоа што сме безгрижни, неписмени. Оној кој учел на младост, сега ужива!

Еден ден дедото рекол:

-          Па тогаш и јас ќе одам на училиште. Оваа сиромаштија веќе не се трпи.

-          Оди дедо, оди и отвори си ги очите и ушите- се согласила бабата.

Станал дедото порано, си го измил лицето, бабата му ја истресла прашината од старата облека, му ја исчешлала белата коса – сториле се она што правеле соседите, кога ги испраќале децата на училиште.

Застанал дедото пред селскиот учител:

-          Добро утро, даскале! – рекол.

-          Сполај ти старче! Што те води овде?

-          Дојдов на училиште. Сакам да научам како се станува човек и како се збогатува. Многу сме сиромашни со мојата баба.

-          Ајде, ајде, сега се сетивте за наука и училиште! – одговорил учителот.

Но старецот не сакал да си оди. Зел да го моли и да бара да остане. Наставникот не можел да се оттргне и видел не видел го оставил. И бидејќи заѕвонило ѕвончето, го внесол во училницата и го седнал во една клупа, заедно со неколку деца.

Седел дедо, мирен, тивок, гледал во црната табла, ама ништо не разбирал. Нејсе! Поминале неколкуте часови и си тргнал дедо за дома.

Оди дедо со наведната глава, се потпира на бастунчето и размислува колку е тежок ученичкиот живот. И види сега! Во прашината гледа една шарено ќесе. Се навалил, го зел во раката – било тешко, го одврзал и кога ќе види што ќе види – полно со златни дукати. Радосен се забрзал кон дома и од далеку викнал:

-          Во право беше бабо! Ете, откако отидов на училиште ми дојде к’сметот. Види, најдов ќесе со златници. И почнал да го тресе ќесето. А тоа внатре пеело:”Ѕвон, ѕвон, ѕвон”.

-          Ех, на стари години да ни олесне! рекла бабата и плеснала со рацете.

Дедото решил дека нема повеќе да оди на училиште – нели се збогатил. Отсега ќе си седи покрај огништето и мирно ќе си пуфка со лулата.

Другиот ден, тамошниот чорбаџија, којшто ги изгубил парите, тргнал по селото, од куќа на куќа, да прашува да не пронашол некој ќесе со златници. На крај тропнал и на дедовата колиба, која била на крајот од селото. Прашал:

-          Еј, старо аро! Да не најде ќесе со златници?

Дедото бил чесен човек, за лага не знаел. Одговорил:

-          Најдов.

Чорбаџијата се израдувал до немај-каде. Во ќесето имал многу пари – секогаш му биле малку, па им земал на сиромашните, за да ги натрупа повеќе и повеќе.

Го фатил дедото за алиштата, го протресол и задишен извикал:

-          Кажи каде...и кога го најде ќесето?

-          Па кога се враќав од училиште дома...

-          Уф! – Викнал алчниот богаташ, ги тргнал рацете од дедото и заминал, мрморејќи под нос: “Кога овој бил на училиште, јас уште не сум бил роден”

Си отишол чорбаџијата зелен од мака. А дедото и бабата си живееле среќно со парите, кои тој им ги земал на сиромашните.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Порака од пчелките
Изведено на Медо Фест - Прилеп
3
A mund te mbetesh shtatzene gjate ciklit m...
Shtatzenia eshte ajo qe ndodhe kur sperma e mashkullit takon vezen e femres dhe veza e fekonduar me pas ngulitet ne mure...
3
Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2
Слатки слатки песнички
Песни за најмалите
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?