|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да се опуштите во текот на бременоста?

Редакција Рингераја, 18.1.2022
Единаесет е наутро, а вас веќе ви се спие? Ништо необично за трудница, бидејќи бебето кое расте во вас брзо ве заморува. Опуштете се. Еве како

image
/11


Морате да бидете свесни дека со бременоста доаѓа и голем физички и психички замор и стрес. Одморањето и опуштањето се задолжителни.  Во прилог се неколку  совети како да се приморате себеси на задолжителна релаксација.

 

Забавете. Тешко е да се одржува нормален работен ритам и на работа и дома. Наместо да се трудите да бидете како порано, изменете го својот распоред. Морате да се прилагодите на физичките и емоционалните промени на своето тело.

 

Префрлете дел од обврските на некој друг. Не се обидувајте да контролирате се што се случува околу вас во текот на бременоста. Некои обврски префрлете ги на сопругот, некои на вашите најблиски, а нешто и на колегите на работа.

 

Планирајте. Размислувајте и планирајте однапред и така намалете го стресот. Имате слободно време да размислувате за породувањето, педијатарот на детето и грижата за него, дури и во раната бременост.

 

1

 

Нека не ве загрижуваат небитни работи. Подгответе ги за бебето најосновните работи, како креветче, облека, кадичка, шишенца и слично. Немојте да се оптоварувате со непотребни работи за бебето, кои служат само за да ви ги извадат парите од новчаник.

 

Не ги слушајте сите. На младите трудници им се даваат еден куп совети и се оптоваруваат со непроверени работи кои предизвикуваат вознемиреност и стрес. Избегнувајте ги и за се што ве интересира консултирајте се со вашиот гинеколог.

 

Паузите се многу важни. Одвреме навреме во текот на денот одморете, на 15 минути или пола час. Одете на викенд со саканиот, на фризер или на педикир. Секако, не смеете да го нарушите сонот. Одете навреме во кревет.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Бетпет, мајка на големиот борец ...
“Нашата ќерка се роди на 6 месеци и 18 дена и тоа со тежина од само 630 грама. Сега имаме три месеци и 2050 грама, па за...
4
Симптоми на бременост
Бременоста е едно од највозбудливите период од животот на една жена, а и на целото семејство кое е во исчекување, но пон...
3
Нискиот притисок и летото
Летото е време на сонце, одмор и високи температури. Но за лицата со низок крвен притисок (хипотензија), жештината може ...
3
Епидуралната анестезија може да предизвика...
Многу родители се загрижени дека епидуралната анестезија ќе ги зголеми шансите за развој на аутизам кај детето. Видете д...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: