Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
При знаци за слабост на имунитетот - ако детето често е болно од вирусни инфекции, ангина или бронхитис, ако полека оздравува и се обновува, треба веднаш да преземете чекори за зајакнување на имунитетот.
Првите застрашувачки средби со вирусите
Незрелиот имунолошки систем, со кој се раѓа новороденчето, треба да се развие постепено во првите 2-3 години од животот, кога детето минува низ различни средби со вирусите. Колку и да се стресни за родителите, повторливите инфекции се важен чекор во развојот на детето.
Благодарение на вистинските грижи и соодветни начини за зајакнување на имунитетот, овие вирусни инфекции може да поминат полесно и да завршуваат брзо, како резултат на што постепено се формира добар и избалансиран имун одговор. Кои се најважните фактори кои го "воспитуваат" имунолошкиот систем, за да издржи нападите на вирусите и бактериите?
Не давајте без потреба лекови
Не брзајте да ја симнете температурата во почетокот на вирусна инфекција, освен ако не достигнува опасно високи вредности (над 38,5-39 степени). Брзајќи да ја намалите го спречувате организмот да изработи антитела. Ако се даваат без потреба антибиотици при вирусна инфекција, тоа повторно го потиснува имунолошкиот одговор и го спречува созревањето на имунитетот.
Обезбедете разновидна исхрана
Детското мени треба да ја комбинира сета храна што го раздвижува имунитетот: протеини, јаглехидрати, корисни масти, свежо овошје и зеленчук богати со антиоксиданси.
Соодветна храна на пример се моркови и зелка, компир и тиква, омега-3 масни киселини (риба, маслиново масло, сончогледово масло, маслинки) и др. Важно е да знаете дека омилените детски колачиња, вафли и др. храна која содржи многу шеќер, имаат негативно влијание врз работата на имунолошкиот систем.
Секојдневна физичка активност
Играта и спортските активности на отворено, секојдневните прошетки на чист воздух (сите тие прилагодени на возраста на детето) се задолжителни. Малите деца треба да поминуваат секој ден минимум час-два надвор, облечени во соодветен начин во однос на временските услови.
Активното движење ја помага работата на имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем, како и развојот на локомоторниот апарат и координацијата. Физички активните деца поретко имаат проблеми како прекумерна тежина или деформации на 'рбетниот столб и подобар психички и социјален развој.
Создадете дома добра атмосфера
Добро организиран режим на спиење и одмор на малото дете, согласно природните биоритми, е важен за неговиот правилен развој. Детето има потреба од тивка и добро проветрена спална соба, во која не е премногу топло. И не заборавајте дека среќно дете кое живее во мирна средина, без стрес, поретко боледува!
6
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што чувствува мајката за време на породувањето?
Породувањето е различно за секоја жена. Некои чувствуваат силна болка,...
AMH и женската плодност. Што треба да знаете?
AMH (антимилеров хормон) е хормон што се создава во јајчниците и најче...
Кои навики помагаат во секоја фаза од бременоста?
Бременоста носи различни потреби во секој триместар. Не постои совршен...
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето. ...
Промени во расположението по недели во бременоста
Промените во расположението се чести во бременоста. Еден ден можете да...