AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
На пример: морате да водите љубов на полна месечина, ако сакате девојче. Или момчињата се “прават ” во непарен датум... Секако, таквите рецепти се смешни и во нив не веруваме. Но што е со научните истражувања?
Пред да почнете да се забавувате испробувајќи љубовни рецепти, треба да се нагласи дека со помош на овие совети можете да ги зголемите шансите да влијаете на избор на полот на детето пред да зачнете. Но моментно не постои техника, или процес кои ќе Ви гарантираат дека ќе добиете момче или девојче. За секој пар е, секако, најважно да добие здраво дете, без оглед на неговиот пол.
Водечките теории за половата селекција се засноваат на фактот дека клетките на човекот имаат 46 хромозоми, односно 24 пара. 44 од нив или 22 пара ја одредуваат бојата на косата, очите, висината...Еден пар, односно два хромозоми, кои се нарекуваат X и Y хромозоми – го одредуваат полот: ХХ е комбинација за женски пол, а XY за машки пол. Јајце клетката секогаш има X хромозом, а сперматозоидот може да има X или Y хромозом.
Полот на детето се одредува во текот на оплодувањето. Ако јајце клетката ја оплоди сперматозоид со X хромозом – ќе добиете девојче, а ако сперматозоидот содржи Y хромозом – ќе родите момче. Полот на детето во потполност зависи од сперматозоидот кој ја оплодил јајце клетката.
- Семената течност се состои од мешавина на X и Y сперматозоиди – кои заради своите карактеристики се нарекуваат “постојани X” и “брзи Y”, а нивниот однос во семената течност е отприлика 50:50.
Х сперматозоидите се поголеми, побавни и живеат многу подолго. Поотпорни се на вагиналната флора и можат да преживеат од 5-6 дена.
Y сперматозоидите се помали, но имаат подолг опаш, кој ги прави побрзи и поподвижни. Меѓутоа не се отпорни и не можат да живеат долго, па во повеќето случаи умираат во рок од два дена.
Со оглед на воочените карактеристики на X и Y сперматозоидите, се развиле теории за тоа како можете да влијаете на зголемување на можностите да го добиете толку посакуваното девојче или момче. Но пред да почнете со примена на рецептот, треба да се нагласи дека е многу важно, всушност клучно, да се одреди точниот ден на овулација. Тоа може да се направи со еден од стандардните методи: мерење на базалната температура, или користење на разни помагала кои потврдуваат овулација.
Рецепт за девојчиња
Треба да имате сексуален однос три дена пред очекуваната овулација, како и да избегнувате сексуални односи еден – два дена пред очекуваната овулација. на тој начин единствен преживеан сперматозоид ќе биде постојаниот Х. Исто така, се советува да се обидете да го намалите бројот на сперматозоидите по природен пат, со зачестени сексуални односи.
Сексуална поза која се препорачува е мисионерската (жената долу, а мажот горе). На основа на опишаниот рецепт, шансите да добиете девојче се 75-80%, под услов точно да сте го одредиле денот на овулација.
Рецепт за момчиња
Би требало да имате сексуален однос 24 часа пред очекуваната овулација. Бидејќи Y сперматозоидите се побрзи и поподвижни, ќе стигнат до целта многу побрзо од Х сперматозоидите. Освен тоа, зголемете го бројот на сперматозоиди со тоа што неколку денови ќе апстинирате пред планираното зачнување. Но внимавајте! Предолгата апстиненција може да биде контрапродуктивна. Сексуална поза која се препорачува е кучешка поза. На основа на опишаниот рецепт шансите да добиете момче се 80-85% , под услов точно да сте го одредиле денот на овулација.
СРЕЌНО!!!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Шест волшебни игри на бебето во стомачето
Колку и да е тешко да се поверува, Вашата материца е доста сензорно иг...
Враќање на работа по породилното отсуство.
Admin
Со какви предизвици се соочувате кога се враќате на работа по породилното отсуство?