|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со @diy_mom_diary - Мајка на предвреме родено

Редакција Рингераја, 24.11.2020
Христина Ангелкоски - мајката која стои позади инстаграм профилот @diy_mom_diary, мајка на две дечиња, од кои едното е предвремено родено, за Рингераја ја сподели својата приказна

image
/11


 

Најпрво здраво и благодарност до вас што ме покановте да бидам ваш гостин.
За сите кои не ме познаваат јас сум Христина позната како Кики или поточно на Инстаграм ме препознаваат по мојот детски креативен профил @diy_mom_diary . Мајка сум на две дечиња, од кои второто е предвреме родено, и така и настана овој профил.
Профилот го пренасочив кон овој правец спонтано, откако дознав за самата ситуација на Лео. Создаден е токму поради него, за сите мајки кои го оделе и го одат нашиот или сличен пат, а и за сите родители кои сакаат да дознаат нешто повеќе на оваа тема.
На инстаграм сум поради љубов и она што го работам со моите деца, сакам да го споделам со сите вас, да бидеме меѓусебна инспирација едни со други, да делиме меѓусебно совети и да си помагаме. 
Нашиот пат по кој чекориме е подолг и треба време за да се дојде до посакуваната цел.
Лео е предвремено роденото дете. Уредна бременост, барем така ми ја водеше матичниот, редовни контроли, редовно одев и на работа. Предвременото породување го препишувам за лекарски пропуст, затоа што јас контракциите ги осетив во 20та недела, но тие за мојот матичен не биле контракции туку баш во тие моменти бебето се местело со газето, главата, и му поверував знаејќи ги контракциите со првата бременост, каде таа ми беше водена како високо ризична и ја излежав 37 недели. 
За жал со Лео се породив во 31ва. Во 30та добив болки, од самите контракции се издлабило грлото на матката. Веднаш ме хоспитализираа, на интензивна лежев 10 дена, и после тоа се случи спонтан пораѓај, со високи оценки 8,9.
Лео беше во инкубатор цели 35 дена. Имаше добар почеток првите 2 недели, после тоа нагло му се влоши состојбата, се бореше со сепса цели 2 недели, таа предизвикала проширување на левата комора од централниот нервен систем, и самата ситуација си направила компликации, но за овој момент никој ме ме извести, немаше напишано ни во отпусната листа, тука јас и мојот инстинкт реагиравме, и после неколку месеци самоиницијативно побарав контрола и ехо на централниот нервен систем и така дознавме за моментот проширена комора која до ден денес е така останата во граници на нормала. 
Кога Леонид ми го предадоа во мои раце веќе се беше подруго. Веднаш доено дете, успешна доеничка приказна цели 34 месеци, одличен напредок, растено дете како по книга се до 18 месеци. 
После тоа забележував самата одредени недостатоци, спор напредок, не слушање команди некако како да живееше во свој свет. Овие работи ги забележав знаејќи дека Андреј - првото дете растеше и се развиваше на поинаков начин. Кај Лео некако беше поразлично, но се тешев, а и околината ме тешеше дека сепак се работи за предвреме родено дете, и дека сеуште не му е дојдено времето, па затоа оставив и самата простор до 2 години. 
Во меѓувреме одевме на редовни рутински контроли во Центарот за следење на раст и развој на деца родени во ризик, каде во ниту еден случај немаше некои големи отстапки. А и реално на таа возраст до 2 години не може ни премногу да се примети на тој рутински преглед, во тие 15 минути, дали детето некаде заостанува, може да го вратат некој месец назад, но тоа се надополнува. Но јас некако го слушав мојот инстинкт и реагирав некаде после втората година. И не згрешив. Навремената реакција т.е. рано развојната интервенција чуда прави, па така Лео откако го помина дијагностичкиот преглед од цел тим на стручњаци кои даваат проценка за неговиот целокупен развој ние веднаш се фативме за работа. 
Лео има дијагноза Развојна дисфазија F.80.9 и на него треба да се работи со дефектолози и логопеди за да ја надмине оваа состојба.
Веќе работиме повеќе од 8 месеци и имаме огромен напредок. Од едно дете кое стартно беше со заспано мозоче, кое не го препознаваше светот околу него, немаше комуникација, слушање на наредби, не разбираше буквално ништо, сега е веќе пробудено дете кое сето ова го има целосно и успешно совладано благодарение на целиот тим што работат со него, но и јас, која парално со нив го давам максимумот, и ги слушам нивните насоки, работиме, и постигнуваме резултати. Сега сме стигнати до една фаза каде говорот ни е ставен на прво место и на него интензивно работиме.
Сите оние кои ме следат запознаени се со нашата целокупна работа и посветеност. Секојдневно со нив ја споделувам нашата работа, нашите вежби, нашата посветеност. 
Што се однесува до моментот развојот на Андреј навремено родено дете и развојот на Лео има огромна разлика, така и ги приметив недостатоците кои ги имаше и Лео. Можеби да ми беше прво дете мислам дека немаше да приметам отстапки, и ќе чекав времето да му дојде.
И Андреј беше дете кое не зборуваше убаво до 3та година, но јас со него немав простор за грижи од едноставна причина што кај него развојот течеше во супер насока. Имавме одлична комуникација, слушање налози, супер развиена груба моторика, вешто дете, одлично снаодлив во секаква ситиација, затоа мене ми велеше нешто од внатре да превземам иницијатива со Лео и не згрешив. 
Среќна сум што навремено реагирав и што резултатите веќе испливуваат на површина. Со него имаме уште за чекорење, ние не застануваме тука иако успехот го гледаме пред нас, но имаме сеуште многу работа. Чекориме полека, сложуваме сложувалки чекор по чекор, многу смирено, истрајно...
Со профилов секојдневно споделувам активности и работа со него што ја работиме и ние и неговите терапевти. Секојдневно ме заследуваат мајки со исти или сличен проблем, и до сега имам многу со кои си делиме искуства и совети и драго ми е што и тие ги применуваат и заедно со нивните деца работат и преземаат иницијатива.
Она што сакам да го споделам со сите вас, но и да им дадам насоки на сите кои го поминуваат овој или сличен пат, е да не го занемаруваат и негираат проблемот. 
Најбитен момент во целокупнава ситуација е првично прифаќање на самата проблематика на своето дете, соочување со неа со здрав разум и веднаш преземање иницијатива. Без одложување, без чекање, затоа што раната интервенција и тоа како може да промени многу работи. Кога ова ќе го направите на самиот старт, тогаш тоа ви е исто како пола од работата да ја имате завршено.
Следно е веќе менувате  вашата рутина и преорганизација на целото семејство. Фокусот го ставате на самиот проблем и приритет ви е тоа во тие моменти, нормално не го запоставувате другото дете, но домашните обврски ќе бидат ставени на втор план.
Правите посебно катче за работа каде имате масичка и столче, сите други реквизити кои одвлекуваат внимание во таа просторија ги тргате на страна, и правите дневен план за работа. На овој начин создавате рутина кај детето, а со тоа работите на фокусот и неговата концентрација.
На мојот профил можете да најдете зачувани вежби како јас и Лео работиме од самиот почеток, па до ден денес. Напредокот го гледам и јас, но и сите мои пријатели кои ме следат и секојдневно не поддржуваат и се дел од нас. Се радуваат со нас и секој успех кој Лео го постигнува.
За тоа сум им на сите бескрајно благодарна и што несебично се дел од нас и се наша поддршка.
За крај сакам на сите да ви укажам да си ги следите вашите деца без разлика дали се предвреме родени или не. На секое дете му треба посебно внимание и стимулација, секое дете е своја индивидуа, и приказна за себе, затоа да ги следиме и растеме во здрава околина, да им овозможиме здраво детство, да бидеме посветени родители, уште од мали нозе, затоа што во тие моменти сме им најпотребни, тогаш ги градиме во вистински личности, и од самиот старт на животот се до нивната 7ма година ние им ја даваме основата. Понатаму веќе е се надополнување на она основното што сме го создале и нејзино моделирање. Затоа вие бидете огледалото на вашите деца, работете со нив, бидете посветени родители, еден ден за тоа ќе ви бидат бескрајно благодарни.
А ние тука не застануваме, продолжуваме и понатаму да чекориме кон освојувањето на зацртаните цели, и нашиот мозаик да го составуваме чекор по чекор, сложувалка по сложувалка, смирено, трпеливо, истрајно, и со многу љубов и посветеност.
Подготви: Марина Кљајиќ Петковски

 

 

Фебрилни конвулзии (грчеви)
Зголемената телесна температура кај новороденчињата може да биде незначајна појава, знак за некоја акутна болест, но мож...
4
Болки по породувањето - Што треба да знаете
Повеќето бремени жени очекуваат да се чувствуваат малку болно и непријатно по породувањето
4
Пореметување на сонот кај аутистичните деца
Децата со аутистичен спектар меѓу многуте симтоми имаат и проблеми со заспивањето. Тоа ги исцрпува и родителите и децат...
4
Видео: Дали бебето во стомакот мочка и кака?
Дали бебињата во стомакот мочкаат и какаат, можете да видите во ова интересно анимирано клипче
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

ljubov kon mm
baby77

kolku na svojot soprug mu pokazuvate ljubov

na sekoe telefonsko javuvanje (24%)

ednas vo denot (9%)

ednas na nekolku dena (4%)

ponekogas (11%)

koga ke se pocuvstvuvam taka (52%)


Број на сите гласови: 112

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!