namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Обичаи и верувања поврзани со Ѓурѓовден
На Ѓурѓовден се изведуваат многу и најразлични обичаи. Ниту за еден празник не ги има толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има цел да осигура напредок и плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето.
Во животот на нашиот човек со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“. Кај нашиот народ на Ѓурѓовден се главуваат момоци, овчари, козари, говедари, потоа селски одборници, полјаци, протуѓери и сл. Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, на разлистувањето на овошките, на раззеленувањето на гората и на обновувањето на вегетацијата воопшто, бидејќи тоа значи и негова егзистенција. Меѓу повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно место заземаат песните познати како билјарски песни што се пеат при берењето на билките. Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магиската моќ на билките.
Вечерта спроти Ѓурѓовден се оди „на потка“ во блиските планини. Се берат разни билки како: кукурек, здравец, вратика, потоа гранки од леска, даб, дрен и др. Тогаш се се пеат многу песни познати како билјарски песни.
Со потките се запотнуваат не само куќите плевните, туку и амбарите, плуговите, ношвите, бутинот, каците, бочвите и сл. Од разните билки утрото на Ѓурѓовден се крми стоката и се верува дека стоката накрмена на овој ден и со овие билки ќе биде поотпорна на болести во текот на целата година.
Посебно значаен обичај што се изведува на Ѓурѓовден е нишањето или лулањето. На дрвата, гредите и сл. се обесуваат ортоми и децата како и повозрасните девојки и момчиња како и млади невести се нишаат. Лицето што е на нишалка со себе носи црвено јајце за да е бело и црвено како јајцето. Во Мариово пак тие што се нишале во рацете држеле и сребрен-предмет (најчесто прстен) потоа коприва, огојка (трева) и камен.
Во верувањата поврзани со Ѓурѓовден важно место има легендата според која свети Ѓорѓија ја убил ламјата. Оваа легенда што нашла место и на фреските и иконите во повеќе цркви во Македонија опеана е и во некои песни и раскажана во некои преданија. И во другите митолошки песни ламјата е опеана како негативен демон кој ги уништува летните посеви.
Многубројните и разновидни обичаи што се изведуваат на Ѓурѓовден оние со билките, оние што го опеваат разбудувањето на природата, радоста поради враќањето на природата и сл. упатува на сознанието дека Ѓурѓовден е пред се сточарски и земјоделски празник, а Свети Ѓорѓија е воспеан како небесен клучар кој, како што се пее и во песните, ја отвора земјата, ја пушта росата за да биде топло летото и бујно житото. Но и обичаите со крмењето на стоката, со првото пуштање на добитокот на пасење, со жртвеното јагне упатуваат на тоа Ѓурѓовден да го сметаме за сточарски празник. Како и да е очигледно е дека се работи за голем празник во кој следиме повеќе слоеви од народната култура.
Народни песни што се пеат на Ѓурѓовден
Кинисал ми Свети Ѓорѓија, кинисал ми Свети Ѓорѓија,
кинисал ми на ден Ѓурѓовден, кинисал ми на потка да одит,
да запотнит нивје и ливаѓе.Кога беше сред поле широко,
го сусрете она суро ламја, тој е извај него остра сабја,
е пресече она сура ламја.Потекоа три силни порои,
први порој се бела пченица, други порој она рујно вино,
трети порој се руди јагниња.
Од Дебарца (Охридско), запишал Наум Целакоски
Од гранка в гранка
Од гранка в гранка, ај Ѓурѓе ле, јунаку в рака.
Викум викаше фидан Јован, Ѓурѓе ле:
- Кротко фрлајте, ај Ѓурѓе ле, моето моме!
Да не ми падни, ај Ѓурѓе ле, да се отепа.
Јаже јажливо, ај Ѓурѓе ле, дрво црвливо
дрво шупливо, ај Ѓурѓе ле, место камливо.
Чекај ја чекај, фидан Јован, у десна рака,
у десна рака фидан Јован у лева пола.
Ни прела гора ни ткала
Ни прела гора ни ткала, са зима болна лежала,
како ми дојде Ѓурѓовден, сама се гора облекла,
се во зелена долама, се во зелено кадифе.
Кинисала бела биљка
Кинисала бела биљка, Биљјаро!
Со нејзини си другачки, Биљаро!
Само свеќе порочуват, Биљаро!
Како зноет девојките, Биљаро!
Да ми идет, да ме берет, Биљаро!
да ме берет, да ме китит, Биљаро!
да ме носит на појаси, Биљаро!
Извор: МИА
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...