Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
И вие живеете во свет во кој не се грижат како се чувствувате, туку како изгледате. Вие сте прекрасни, вие сте мајки!
На 17 јануари 2015 во 23:10 го родив својот втор син. Навистина се борев за да го добијам. Бев изложена на репродуктивна терапија. Се породив кога не ми беше терминот, баш бев скршена. Пред да ги добијам децата можев да трчам маратон, а сега сум преуморна.
24 часа по породувањето: Иако се породивте се уште изгледате како да имате лубеница во стомакот, или дури и две. И стомакот е многу мек. Но едно е сигурно-збогум досадни контракции. Се породив по природен пат и се чувствувам ужасно, како да ме прегазил воз. Но за два дена ќе биде друга приказна.
2 дена по породувањето: Дали се истуширав и си сменив пижама? Не можам да се сетам. И понатаму сум огромна. Ја носам истата пижама што ја носев во 9-ти месец. Крварам. Спијам. Не можам баш да кажам колку саати сум спиела, но успевам да заспијам. Уморна сум. И чудно ми е расположението, често плачам.
Една недела по породување: Повторно дома. Во пижами. Сеуште имам стомак, голем како лубеница, но целиот е мек. Драго ми е што сум дома. Но што да правам сега со две деца? Пре тоа имав само едно дете и некако се снаоѓав, но како сега? Како да ги избањам двајцата? Како да ги нахранам?
2 недели по породување: Малку живнав, треба да се истуширам. Стомакот е цел насобран. Се уште крварам – на тој период изгледа му нема крај. Се уште носам трудничка облека.
Но ќе бидам искрена: Се чувствувам многу подобро сега, отколку по породувањето со првиот син. Тогаш не можев ниту на прошетка да излезам. На сите пријатели им реков да ме посетат дури откако ќе поминат 3 месеци. Ми беше жал што така им реков, но зџнам дека ме разбраа.
Во случај да се прашувате од каде е тој рез на мојот стомак, имав операција кога имав 21 година. Операцијата не помина баш најдобро па ме отвораа 6 пати. Двете бремености уште повеќе го развлекоа тој рез. Но нема врска, ништо страшно не се промени. Само се откажав од желбата да бидам фото-модел.
10 недели по породувањето: стомакот малку се повлече и не е толку ститкан. Уште ја носам трудничката облека, а фиксаторот на ногата е заради глуждот кој го истранив минатата недела на ивичњак, кога сакав да го земам бебето. Како поминаа последните 8 недели? Во гужва....хранење, спиење, пресоблекување и учење како да работам нешто дома и да внимавам на бебето. Преуморна сум и ме болат коските. Немам време ни да се истуширам, кафе пијам набрзина. Понекогаш се прашувам што ми требаше ова, но потоа сфаќам дека навистина уживам во тоа.
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате....
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...