Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Инспиративна мајка сподели фотографија од својот збрчкан стомак по раѓањето на двете синчиња, гордо покажувајќи ги стриите предизвикани од нејзините бремености. Сето тоа со една цел – да пренесе охрабрувачка порака до новите мајки.
На фотографијата, Александра Килмари позира со своето петмесечно синче.
Во описот на фотографијата, таа признава дека ? било тешко да го прифати своето тело по двете породувања, но дека сега конечно се чувствува убаво во своја кожа. Смелата жена од Флорида се обидува да ги утеши мајките кои страдаат од постпородилна депресија и кои се тажни секојпат кога ќе си го погледнат надвиснатиот стомак и да им покаже дека сè ќе помине и тие повторно ќе се чувствуваат прекрасно во своите тела.
Прочитајте ја нејзината порака:
„Знам дека многумина до вас веројатно си помислуваат „Зошто би ја објавила оваа фотографија“, но мене ми требаа 18 месеци за да стигнам тука, 18 месеци за да не заплачам кога ќе се погледнам во огледало, 18 месеци за конечно да се почувствувам убаво во својата кожа. Никој не те предупредува за темните страни од мајчинството и бременоста. Никој не ти кажува колку многу ќе се промениш физички и ментално откако ќе станеш мајка. Беше долго и тешко постпородилно патување за мене. 18 месеци по мојот прв син и 5 месеци по мојот втор син конечно чувствувам дека можам да ја видам светлината и искрено се чувствувам прекрасно.
На здравје за вас мајки кои се борите со постпородилна депресија и сè уште се исправувате секој ден за своите деца! На здравје за сите вие мајки кои сè уште плачете за стриите на вашата кожа од раѓањето на вашите совршени бебиња. На здравје за мајчинството и на здравје за знаењето дека сето ова ќе помине и нештата ќе бидат подобри.“
Со својот искрен пост, таа привлече стотици позитивни коментари.
„Ти си силна, убава, инспиративна и супер мајка“, „Гледајќи во оваа фотографија сè што гледам е убаво бебенце и неговата прекрасна мајка, која носи несебични одлуки и се жртвува за своите деца секој ден“, „Гордеј се со твоите тигрести шари Мајко. Ти израсна 2 личности. Колку си неверојатна“, „Ти си одлична. Ти си убава. Ти си херој. Ти си мајка“, „Јас не сум мајка, но тоа што можам да го кажам е дека нема за што да се срамиш. Раѓањето на бебе е дар и чудо. Нашите тела се направени за ова и тоа докажува колку силна и убава жена си ти. Имаш прекрасно тело. Стриите не се ништо“ – се дел од комплиментите кои ги доби Александра на својот пост.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?