|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Домашното млеко е безбедно за пиење!

Редакција Рингераја, 24.2.2013
Агенцијата за храна и ветерина ги заврши анализите за дел од млеката кои се продаваат во Македонија. Агенцијата гарантира дека во следните млека нема концентрација на афлатоксини над дозволените граници. За останатите млека испитувањата се во тек
Клучни зборови:

image
/11


1

 

 

1

 

Домашното млеко и млечните преработки се безбедни, потврдија анализите на Институтот за храна при Факултетот за ветеринарна медицина, извршени во единствената акредитирана лабораторија во земјава за испитување на афлатоксин. Како што беше соопштено на денешната прес конференција, до крајот на денот се чека и официјална потврда на прелиминарните резултати од анализите на повеќе од 20 испитани мостри млеко и преработки од млеко земени од прометот, како и резултатите од дополнително земените петнаесеттина мостри, кај кои се испитува присуство на афлатоксин.

- Во повеќе од 20  мостри, досега немаме ниту една позитивна на афлатоксин, односно нивото кај нив е под максимално  дозволената концентрација од 0,05 микрограми на килограм. Македонското млеко и преработките од млеко се безбедни и затоа апелирам до потрошувачите салободно да ги користат, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски на денешната прес конференција.

Со анализите, додаде тој опфатени беа македонските млекарници кои на пазарот пласираат околу 90 проценти од млекото, односно поголемите и тоа скоро во сите региони од државава. Меѓу производителите чии примероци се испитани се Битолска млекарница, Здравје Радово, Алпи од Тетово, Идеал Шипка, Бучен Козјак, струмичките млекарници и други.

-Домашното производство е под постојан мониторинг на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во текот на целата година се земаат мостри кои ја гарантираат исправноста на млекото. Засилен е и мониторингот на суровото млеко. Од почетокот на февруари земени се 9 мостри за анализа на присуство на афлатоксин од 9 различни региони во државата, од различни откупни пунктови во  Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Куманово. Во ниту еден случај немаме надминување на масимално дозволената граница прошишана во Правилникот за присуство на афлатоксин М1 од 0,05 микрограми, објасни тој.

Во петокот, додаде Рунтевски, направена е измена на наредбата  за ветеринарно јавно здравство, односно, за поголема сигурност дека граѓаните пијат безбедно млеко, сите млекарници во Македонија се задолжени пред  да го пуштат млекото во промет да обезбедат доказ дека млекото не содржи афлатоксини над дозволената граница. Тие имаат можност млекото да го испитаат при откуп, пред да влезе во процесот на производство, или по преработката, но, задолжително преда да се пушти во промет.

- Со тоа и со донесената мерка уште пред десеттина дена за задолжително лабораториско испитување на присуство на афлатоксин на секоја увезена пратка на млеко и млечни производи, сметаме дека се воспоставени сите контролни механизми кои гарантираат дека граѓаните на Македонија конзумираат безбедно млеко и млечни производи, заклучи Рунтевски.

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совладајте ја нескротливата Ешерихија коли
Инфекциите на уринарниот тракт се едни од најчестите клинички симптоми, кои се многу почести кај женската популација поч...
4
Што лечи маслото од оригано?
Маслото од диво оригано спаѓа во еден од најделотворните продукти. Погледнете што се' лечи ова растение
4
Како навистина изгледа бебето по породување?
5 работи кои ќе ја изненадат секоја мама, од „чудните“ форми на главата до бојата на косата и кожата. Еве како навистина...
3
Зошто доењето станува непопуларно?!
Негувањето на бебињата е нешто неразделно поврзано со сите видови во природата. Во праисториските времиња, доењето било...
3




Анкета

Kjara
Nova_Mamicka

Sto mislite za ova ime?

Mi se dopagja (43%)

Ne mi se dopagja (57%)


Број на сите гласови: 184

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!