Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Кери и Симон Велш кои се обидуваа да добијат бебе цели 18 години и кои зад себе имаат шест спонтани абортуси, рекоа дека раѓањето на Шејн е благослов.
Откако им беше кажано дека починал, беа шокирани и во солзи се подготвуваа за носење на нивното најмило во капела. Тогаш сестрите забележаа гасови и слаби отчукувања на срцето.
Откако почина во инкубаторот на само 25 минути, Шејн е сега среќно е здраво момче.

Првиот роденден на секое дете е повод за најголема прослава кај среќните родители. Но за предвреме роденото бебе Шејн Велш, првиот роденден е чудо.
Шејн беше прогласен за мртов од страна на лекарите откако престана да дише цели 25 минути – но чудесно се врати во живот.

Медицинските сестри во New Cross Hospital, Wolverhampton не можеа да го вратат бебето во живот и ги информираа родителите Кери и Симон Велш, дека нивниот син починал. Но откако почнаа да го подготвуваат бебето за во капела, забележаа слаби отчукувања на неговото срце и го вратија во интензивна нега.
Сега Шејн го прославува својот прв роденден, опкружен со семејството и пријателите. Родителите се пресреќни што тој се разви толку брзо и ги стигна своите врсници.

"Го држевме во раце 20 минути молејќи го да се врати. Мислевме дека го изгубивме Шејн засекогаш. Откако сестрите го зедоа за да го носат во капела, забележаа гасови во неговото тело. Тогаш го проверија неговото срце кое имаше слаби отчукувања. Веднаш го поставија на апарати и Шејн се врати во живот."

“Во болницата беше фантастично. Не можеме да им се заблагодариме на вработените доволно за тоа што го направија за нас и за Шејн. Тој се бореше цело време и израсна во здраво и убаво бебе. Се надеваме дека оваа приказна ќе им даде надеж и храброст да издржат на сите родители на предвреме родени деца”- раскажуваат родителите.
4
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Играчките не се само за забава
Играчките не се само средство за забава. Тие се важен дел од детството...
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...
Најважни здрави навики што децата треба да ги усвојат
Здравите навики што децата ги усвојуваат во најраната возраст можат да...
Како да ги заштитите облеката, храната и домот од молци
Молците можеби изгледаат безопасно, но нивните ларви можат да направат...
Зошто е важно да бидеме дарежливи?
Дарежливоста е многу повеќе од подарување пари или материјални работи....