|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Бебешкиот идентитет - првите траги

Редакција Рингераја, 21.8.2025
Развојот на бебето не се однесува само на физичкиот раст, туку и на постепеното формирање на неговата личност и развивање на чувството за „јас“.

image
Бебешки идентитет
/11


Иако во првите месеци изгледа дека бебето е целосно зависно од родителите, веќе во текот на првата година можат да се забележат мали, но важни сигнали дека почнува да го препознава сопствениот идентитет.

 

1. Препознавање во огледало

Околу деветтиот месец, некои бебиња почнуваат да реагираат на сопствената слика во огледало. Прво можат да мислат дека гледаат некое друго бебе, но со текот на времето ќе сфатат дека тоа се тие самите. Ова е првиот чекор кон самосвесност.

 

2. Реакција на сопственото име

Кога бебето почнува да се врти и да реагира секогаш кога ќе го слушне своето име, тоа значи дека веќе го поврзува тоа со својот идентитет. Ова најчесто се случува околу 6-8 месец.

 

3. Изразување на сопствени желби

Одбивање одредена храна, покажување со рака кон саканата играчка или плачење за да привлече внимание, се знаци дека бебето почнува да го изразува својат карактер и сопствени потреби.

 

4. Препознавање на „свои“ и „туѓи“ предмети

Малите бебиња со тек на време почнуваат да прават разлика меѓу работите што им припаѓаат ним и оние што им припаѓаат на другите. Ако бебето го гушка своето ќебенце или се лути кога друг ќе ја земе омилената играчка, тоа е знак дека развива чувство за сопственост и индивидуалност.

 

5. Развивање на емоции поврзани со сопственото „јас“

Околу првата година може да се забележат емоции како гордост кога ќе направи нешто самостојно или срам кога ќе биде во центар на внимание. Овие реакции покажуваат дека бебето веќе не се доживува како „дел“ од мајката, туку како мало суштество со свој идентитет.

 

Препознавањето на сопствениот идентитет кај бебето е процес кој се развива постепено и е тесно поврзан со неговиот когнитивен и емоционален развој. Родителите можат да помогнат со охрабрување, поддршка и љубов, затоа што секој мал чекор кон самосвесност е голема победа на патот кон изградување на личност.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Запомни ги бебешките достигнувања лесно
Првата насмевка, првото превртување во креветче, првите зборови. Сите овие моменти се непроценливи за секој родител.
5
Како да влијаете на количината на мајчино ...
Да се има многу млеко за бебето! – помислата на такво нешто ви дава чувство на сигурност, сила, исполнетост, задоволство...
3
Митови за доењето
Доењето е природен и непроценлив процес кој го поврзува мајката со бебето и обезбедува најдобар можен почеток на животот...
3
Како најлесно да го заспиете бебето?
Голем проблем за многу млади родители е успивањето на детето. Ви нудиме неколку совети како да го смирите и лесно успиет...
3




Анкета

Мајка на момче.
пеперутка16

Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?