|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Бебе кое преживеа живеејќи во фрижидер!

Редакција Рингераја, 17.3.2014
На родители од Индија, кои не можеле да ги платат трошоците за инкубатор во болницата по раѓањето на нивното бебе предвреме, докторот им препорачал да го стават бебето во преносен фрижидер

image
/11


 

Aruna Chauhan, 34, го родила малиот Mithilesh во октомври минатата година, во болницата Alliance во Mumbai. Роден два месеци предвреме Mithilesh тежел само 1360 грама и веднаш бил примен во одделението за интензивна нега, со компликации на тироидната жлезда и склоност кон инфекции.

Aruna и нејзиниот сопруг Ramesh биле толку сиромашни што морале да продадат се' и да позајмуваат пари од пријателите и роднините, за да ги платат болничките трошоци кои изнесувале 130 долари дневно. По 20 денови тие повеќе немале пари и морале да си го земат дома своето бебе. Aruna изјавува: ”Позајмувавме пари од сите наши роднини, но на крај немаше од кого да побараме и што да продадеме. Побаравме и доброволна помош, но не добивме ништо.”

На крај таткото Ramesh, кој работи како продавач во маркет за 160 $ месечно, немал друг избор освен да купи преносен фрижидер, по совет на еден од лекарите.

“Еден лекар ни кажа дека нашето бебе може да преживее ако купиме преносен фрижидер на кој ќе направиме отвори за вентилација и во кој ќе ставиме сијалица од 60 вати, за да се обезбеди потребната топлина.”

 

5

 

Надевајќи се дека ја направиле вистинската одлука двојката морала да направи аларм и на секои два часа да го вади момчето од фрижидерот за да ја следи неговата температура секој ден во следните пет месеци.

Aruna се сеќава: “Беше ужасно! Не знаевме дали ја правиме вистинската работа, но моравме да пробаме нешто. Бевме преплашени дека ако не направиме ништо ќе умре, а исто така не бевме сигурни дали она што го правиме е исправно. Тоа беа ужасно стресни месеци.”

Откако еден локален весник ја објави сторијата на овие родители, друга локална болница ги понуди своите услуги бесплатно - Wadia Hospital for Children, во Parel, Mumbai.

 

1

 

Dr Minnie Bhodanwal, главен и извршен директор на Wadia болницата рече: “Исклучително е жално, во ера на напредна медицина, да се чува бебе во преносен фрижидер. Тоа е практично решение со оглед на околностите на родителите, но би можело да биде опасно по живот ако температурата на бебето излезела од контрола.”

Докторите велат дека на Mithilesh сега му е потребен постојан лекарски надзор. Докторите изјавуваат дека тој напредува добро и дека е можно да си оди дома за околу 3 недели.

По статијата во локалниот весник, на семејството на Mithilesh им биле испратени пари и подароци.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Закрепнување по вагинално породување - 10 ...
Време на леунка, или шест недели по породувањето, е периодот во кој жената се опоравува од бременоста и доживува разни п...
4
Кога бебињата почнуваат да се смеат?
Првата насмевка – повеќе од само гест
3
Првиот роденден е пред вратата
Бебето полека го заокружува своето прво животно поглавје, првата година. Овој период е полн со радост, изненадувања и го...
3
Колку треба да биде топла собата во која с...
Кога ќе се роди бебето, мора да се погрижиме да е секогаш нахрането, со чисти пелени, мирно. Една од најважните работи е...
3




Анкета

Ime
Jana9

Ime

Dora (0%)

Mila (100%)

Anja (0%)

Ilona (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!