Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Безбедност на детето
Кога детето е способно самостојно да ја истражува околината (макар тоа да биде со лазење, со помош на дубак, или со самостојно движење) брзо може да западне во проблеми, па дури и да го загрози својот живот. Децата во развиените земји умираат пред се заради повреди или труење. Меѓу причинителите на смрт на прво место се сообраќајните несреќи. Чести причинители се гушење, самоповредување, паѓање, труење и разни удари.
Намалете ја можноста за несреќа
Несреќите (пред се сообраќајните) не се само водечка причина за смрт, тие се најчесто причина за трајни повреди.
Можноста за повреда можете да ја намалите ако ги тргнете сите предмети од дофат на детето, ги почитувате мерките за сигурен дом на детето и на детето постапно да му објасните што е опасно и што мора да избегнува (остри или врели предмети, скалила, електрични штекери и електрични апарати...) Најсигурна мерка е постојан надзор на детето.
Никогаш само во кадата
Повеќето деца обожаваат да си играат во вода. Водата брзо може да стане судбоносна за детето, затоа е многу важно во вода, или во близина на вода, никогаш да не го оставате само. Исто така, дете кое знае да плива, до 7 години не го оставајте само, затоа што не знае да процени опасност и често ги преценува своите способности. Потребен е буден надзор секогаш! Повеќето деца се дават во блиската околина на домот(кога детето ја истражува околината) Најзагрозени се децата во втората година на старост.
За што подобро да реагирате, ако детето се повреди, научете ги основите на давање Прва помош. Секогаш дома, или во колата, имајте на залиха прибор за прва помош и покрај телефонот запишани најважните броеви (брза помош, детскиот педијатар, детска болница, пожарникари, полиција)
Користење на дубак
Ако ве привлекува употребата на дубак, размислете уште еднаш. Докторите не советуваат употреба на дубак затоа што детето се оттурнува со прстите и развива неправилен начин на движење. Освен тоа не ги учи одбрамбените механизми при паѓање, па подоцна не знае да се дочека на раце и може да падне на нос.
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Спиење
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Спиење
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст 9 месеци
Следен период: Возраст 11 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Исхрана за хормонална рамнотежа
Хормоните се невидливи диригенти на нашето тело. Тие го регулираат спи...
Плодност и планирање на бременост
Планирањето на бременоста е еден од најзначајните чекори во животот на...
Кога не се откажуваш, ти веќе победуваш
Разликата меѓу успехот и поразот е истрајноста. Во свет каде што сe се...
Возење велосипед е повеќе од игра. Тоа е начин на живот
Возењето велосипед е еден од симболите на детството. Симбол на слобода...
Како да изградиме позитивен однос со сопственото тело?
Сведоци сме на фактот дека ниедна фотографија не може да помине без фи...