Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Единствен услов кој треба да се запази е во таа порција, која одговара на возраста на детето, родителот да вклучи 5 различни групи на храна. Порцијата која ќе му се понуди на детето зависи и од неговиот телесен развој, физички активности и темперамент. Кај некои деца, во периодот на интензивен раст, се случува со месеци да чувствуваат постојан глад, а потоа одеднаш почнуваат да јадат само по малку.
Во втората година од животот детето е многу љубопитно и подготвено да прифати многу промени. Голем број од децата во тој период почнува да одбива некој тип на храна само затоа што им се здосадила. Не можете да очекувате секој пат кога ке му понудите пире од компир тоа да биде воодушевено. Треба да бидете снаодливи па наместо тоа понудете му варен компир со сирење или дајте му изрендан морков со пире од јаболко.
При оброците на децата треба да се внимава да се внесува храна од 5 различни групи на храна: овошје, зеленчук, млечни производи, белковини, јаглехидрати. Би било идеално кога детето за еден ден ќе изеде по две порции од секоја група. Се разбира, детето не мора секој ден да јаде се што е поставено погоре во текстот, за да биде здраво и правилно да се развива. Месо не мора да се јаде секој ден, доволно е три пати неделно, со тоа што еден ден треба да е месо од некоја риба. Што се однесува до белковините, не мора многу да се грижите бидејќи детето ги добива од млечните производи. Значи - што повеќе различни групи на намирници се комбинираат во детската исхрана, толку повеќе детскиот организам добива хранливи материи.
Млекото и млечните производи се важни заради калциумот кој е неопходен за правилен раст и развој на детскиот скелет. Неодамнешни испитувања покажале дека поголемиот број од деца на предучилишна возраст земаат 50% помалку од потребната количина на млеко и млечни производи (а потребно е шоља млеко до две на ден).
Покрај сето тоа, би требало да испие и барем пола литар вода во денот.
Кога се однесува на комбинацијата на храна која детето треба да ја јаде, родителот треба да одлучува што ќе биде тоа, а детето од друга страна, знае кога е гладно, кога е сито. Родителите би требало да ги слушаат сигналите од своето дете и да не го тераат да јаде кога не е гладно, бидејќи на тој начин доаѓа до пореметување во знаците за ситост и глад, што подоцна може да резултира со дебелеење на децата.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Штукнувањето кај бебињата е сосема нормално
Ако сте нов родител, веројатно сте веќе сведоци на најслаткото нешто: ...
Во денешно, опкружени со технолошки и културни промени, комуникацијата...
Зошто децата ги грицкаат ноктите?
Многу често ќе забележите како вашето дете мирно седи, изгледа како да...
Што кога детето ќе каже: „Не сакам“?
Кога детето негодува и одбива да прави одредени работи, повеќето родит...
Здрава или токсична врска? Еве како да препознаеш
Љубовта е слепа. Воодушевувањето, навиката или стравот од осаменост и ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: