|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто ме гледате? Вашите деца се секогаш мирни?

Anamaria Todoric , 25.5.2012
Шопинг. Планирав набрзина да влезам и излезам од бутикот и да му купам на своето дете обувки и јакна. Тоа навистина се претвори во прилично мачно искуство. Само мене ми се случува ова?

image
/11


 

 

Се сеќавате ли на оние денови кога одевте во шопинг? Кога пробувавте десет пара траперки и детално испитувавте кои најдобро Ви стојат во задникот? Кога ја проучувавте новата колекција на чевли со часови, дури и тогаш кога немате ниту денар во новчаникот? А чантите...тој прекрасен предмет и мечта на секоја жена. Да, не сум го заборавила тоа, но денес одењето во шопинг е малку поинакво...

 

Се' испланирав – треба само да се проба јакната и обувките

Еден ден го ставив својот симпатичен син во кола. Секако едвај, бидејќи тој си имаше замислено да си игра со 101 автомобил баш во тој момент, ненадејно огладне по седумнаесетти пат и никако не сакаше да облече патики. Откако ги прескокнав сите тие препреки, го опсув животот и судбината така сочно, отидовме до еден трговски центар.

И тоа не од зафрканција, туку син ми навистина немаше што да облече. Прекратки панталони, претанка јакна и искинати патики беше единствено нешто што ни стоеше на располагање. Секако дека нему не му е грижа за тоа. Знаејќи дека не е баш трпелив, имав испланирано се'. Некои работи ги прегледав без него, тој само требаше да ги проба патиките и потенцијалната нова јакна.

И одиме ние така во првиот бутик, ги земам јас патиките, му ставам една и за чудо од прво го погодувам бројот. Среќна, одлучувам да проба уште едни, чисто да видам кои поубаво ќе му лежат на нога.

Но мојот принц немал такви планови туку, додека се завртив да за го земам другиот пар, истрча на другиот крај на бутикот. Се смееше криејќи се зад кутиите и на поминување ги фрлаше сите чевли по ред... Не се откажав.  Го фатив, наместив се што расфрли и го вратив назад.  Му ги пробав и другите патики, напипав каде му се прстите и се одлучив да ги купам, кога гледам...пак го нема! Гледам трча кон излезот, јас фрлам се' и трчам по него, алармот се вклучува, тој умира од смеа - јас од срам, доаѓа чуварот, продавачката и уште дваесет купувачи гледаат во нас. Принцот во новите патики со етикета и онаа пластика против кражба се тркала на подот од смеа. Го кревам и му објаснувам дека не смее така, лесно го повишувам тонот за да ме слушнат и другите луѓе, за да не испадне дека сум лоша мајка и дека не знам да го воспитувам. Се враќам по своите работи и се обидувам да му ги извадам патиките за да ни издадат потврда дека сме ги платиле...Е тука мојот син добива нервен слом. Продавачката се смилува и вели да му ги оставам патиките на нозе, а таа ќе ги отчита на пултот и ќе им ја извади заштитата. Фала и за тоа...

 

А сега јакната.....

Губам надеж дека ќе продолжиме успешно со шопингот, но синчето се смири, па и јас добив сила. Сепак, обидот да му купам нова јакна заврши со борба да му облечам само еден ракав. Тогаш здогледа маичка со автомобил и неговиот свет застана. Да, признавам, ја купив. ОК, секако му требаше и нова маичка, го оправдувам тој чин во својата глава.

Јакна секако не купивме. Одлучив тоа да го направам без него. И да погрешам за еден број, барем нервите ќе ми бидат на број. Влегуваме во последниот планиран маркет. Треба да земам уште пакет пелени. Се чини дека се' ќе биде во ред. Во едната рака ги држам пелените, а со другата ја држам неговата рака. Не трча, не бега, не зема ништо од сталажите, оди мирно до благајната кога веднаш се отпушта од рака и бега. Истрча по Чоколиното. Со најмевка најголема на свет едвај го влечка најголемото пакување. Нема врска, нема да го фрлиме. Го ставам и тоа на лентата на касата. Се гледаме со насмевка, се чини дека со здрав разум ќе си појдам дома. Или не?

Здогледа Тик-Так. Ги знаете. Тврди, мали, не сакате да ги јаде двегодишно дете. Ама него не му е целта да ги јаде! Отвора едно кутивче и целата содржина ја истура на подот. Во исто време касиерката несвесна за мојот ужас прашува: Имате ли наша картичка? Дури и да имам не би знаела каде е бидејќи синчето зема второ кутивче Тик – так. Јас викам: Немој, застани, пушти го тоа, какано е, немам ваша картичка, остави го тоа. Фрли, престани. Ќе дојде страшниот волк ако продолжиш да отвораш Тик – Так.....

 

Сакате ли наша картичка?

А сакате ли можеби наша картичка, продолжува таа. И знаете, морате да ги платите тие бонбони, ме предупредува со мила насмевка. Дишам длабоко и бројам до 152 за да се смирам. Тој ги истура проклетите Тик-Такови и сите гледаат во нас...Пукнувам! Го грабам детето за рака, за нијанса нетактично, го кревам, тој вришти. Јас пак бројам и дишам и го молам Господ касиерката да ја наплати сета штета која ја направивме за да можам да побегнам оттаму. Да побегнам од сите погледи на супер – родителите кои во мене гледаат монструм кој не знае да го воспита сопственото дете да не прави хаос по маркетите.  Плаќам и бегам со своите торби во раце и повторно бројам во себеси за да не вриснам од срам и нервоза. Се среќавам со една познаничка која секако дека го виде сето тоа. Таа и нејзините две супер воспитани деца.

Треба само да поставиш граница, ме советува...

Еве ја поставувам! Следен пат одам на шопинг со детето кога ќе наполни  25 години, па само нека си ги плаќа бонбоните.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Татковци...што би правеле без нив?
Колку е фигурата на таткото важна во животот на децата, потврдуваат многубројни истражувања. Можеби вие не се сеќавате, ...
5
Зошто децата се плашат од стоматолог?
Грижата за севкупното здравје подразбира и грижа за здравјето на устата, односно грижа за забите и непцата. Со никнување...
5
Најлошата мајка на светот...
Дневникот на Lara2224
5
Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?