|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зборувајте англиски со вашето дете- 3 дел

British Council, 27.8.2011
Часовите по англиски јазик во домашна атмосфера
Клучни зборови:

image
/11


 

Часовите по англиски јазик во домашна атмосфера може да траат од само неколку минути до околу десетина минути и може да се одвиваат еднаш или два пати во денот, зависно од околностите. Колку почесто се користи англискиот јазик, толку побрзо истиот се апсорбира.

 

За време на тие часови треба потполно да му се посветите на детето. Децата ќе ги засакаат затоа што за нив тоа е време во кое го добиваат целосното ваше внимание.

 

Децата логички размислуваат и затоа им е потребна добра причина за да зборуваат англиски во домот, со оглед на тоа што и вие и тие го зборувате мајчиниот јазик.

 

Префрлувањето од мајчин на англиски јазик на децата може да им биде тешко и од тие причини потребно е да го подготвите теренот: “За три минути ќе го започнеме часот по англиски јазик” (In three minutes we are going to have our English time). Тоа може да се постигне и со одредување на посебно место за учење: “Ајде да седнеме на каучот. Сега почнуваме да зборуваме на англиски.”(Let’s sit on the sofa. Now let’s talk in English)

 

Започнувањето на часот со броење или со некоја позната песничка исто така помага при преминот на англиски јазик пред воведување на нови активности.

 

Децата најдобро го усвојуваат јазикот кога се зборува за некоја активност во која тие се физички инволвирани. Ако со таа активност и нејзината содржина биле претходно запознаени на мајчиниот јазик, тие ќе се чувствуваат посигурни и ќе можат да се сконцентрираат на разбирањето и на учењето на англискиот јазик.

 

Кога часовите се одвиваат само на англиски јазик, активностите треба да се пократки, бидејќи вниманието на децата не е толку долго колку што е кога активностите се на нивниот мајчин јазик. Слушањето само на англискиот јазик може да биде заморно.

 

Поттикнување и пофалба

 

 

slika

 

 

Децата постојано бараат пофалби од своите родители. Тие мора добро да се чувствуваат и да знаат дека нивниот напредок се забележува. Континуираната поддршка, поттик и пофалби од мајката, таткото и поширокото семејство ги мотивираат и им помагаат во градење на самодовербата. Во раните фази на учење, поттикнувањето е од особено значење, а пофалбите, дури и кога се однесуваат на малите успеси, се голема мотивација: “Одлично. Баш ми се допаѓа. Браво!” (That’s good. I like that. Well done.)

 

Поддршката од родителите е најпотребна на почетокот, кога се почнува со изучување на англискиот јазик. Кога децата ќе почнат да зборуваат, да рецитираат стихотворби и да помнат приказни на англиски јазик, поддршката не мора да е толку интензивна. Во оваа фаза, англиските фрази, песнички и приказни низ игра веројатно веќе стануваат дел од семејниот живот. Тие може да го зближат семејството и да гo поттикнат на понатамошно користење на јазикот.

 

Покрај тоа, на овој начин, кај детето поттикнувате позитивен став кон англиската и другите култури – а денес е општоприфатено дека доживотните ставови се втемелуваат во раното детство, пред осмата или деветтата година од животот.

 

 

1 дел: Зборувајте англиски со вашето дете
2 дел: Што претставува говор прилагоден на децата?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2
Слатки слатки песнички
Песни за најмалите
2
Зборувај ми, мила мамо
Песнички за најмалите
2
Ало, амбуланта
Песнички за најмалите
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?