|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Заедно кон дигитална трансформација. Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Асоцијацијата за е-трговија и Министерството за дигитална трансформација

Редакција Рингераја, 14.2.2026
13.02.2026 - Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) и Министерството за дигитална трансформација потпишаа Меморандум за соработка, со кој Министерството официјално пристапува како почесен член на Асоцијацијата.

image
Фото:Заедно кон дигитална трансформација
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Меморандумот воспоставува рамка за институционална соработка во областите на е-трговијата, дигитализацијата, вештачката интелигенција, дигиталните вештини и иновациите, со цел забрзување на дигиталната трансформација и развојот на дигиталната економија во земјата.

 

На состанокот беше истакната важноста на е-трговијата како интегрален дел од дигиталната економија и како клучен двигател на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија. АЕТСМ ја нагласи својата улога во поддршка на бизнис-секторот преку развој на нови онлајн продажни канали, едукација, истражувања и иницијативи за унапредување на пазарот.

 

Во рамки на соработката, страните ќе разменуваат информации, анализи и експертиза, ќе учествуваат на заеднички настани и обуки, ќе развиваат едукативни и развојни програми и ќе разгледуваат можности за заедничка подготовка и реализација на проекти на национално и меѓународно ниво.

 

„Поттикнување на дигитализацијата на бизнис секторот е еднакво важна како и дигитализацијата на државната управа. Таа нуди нови можности за раст на бизнисите, поголеми приходи, рационализација на расходи и простор за иновации. Оттука, партнерството со Асоцијацијата за е-трговија сметаме дека ќе придонесе кон поголема мобилизација на бизнис секторот во насока на откривање на можностите кои ги нудат новите алатки.” - истакна г-дин Андоновски.

 

Асоцијацијата изрази подготвеност да придонесе во имплементацијата на Стратегијата за дигитализација „Смарт МК 2030“, особено во делот на дигитализација на ММСП, развој на дигитални вештини и поттикнување на безготовинските плаќања.

 

„Е-трговијата не е само уште еден канал на продажба – таа е инфраструктура на модерната економија. Преку оваа соработка со Министерството за дигитална трансформација, правиме чекор кон системско позиционирање на е-трговијата како двигател на дигиталната економија и конкурентноста на македонските компании.” - истакна Ангеловска-Станков, Претседателка на АЕТСМ.

 

Дополнително, на средбата се разговараше за важноста од стимулирање на безготовинските плаќања и можните заеднички иницијативи во таа насока, кои во наредниот период ќе бидат дополнително разгледувани и разработувани.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Второ издание на Fashion & Lifestyle Expo!
И овој март, од 29ти до 31ви, во Македонската опера и балет, подгответе се за пролетно будење на сите сетила со богатата...
3
BURЯA® во Скопје
Новата козметичка линија BURЯA® беше претставена на стручната јавност на 29.04.2015 година во хотелот Holiday inn в...
3
Култура ве наградува!
Книгоиздателство Култура ги наградува членовите на Рингераја.мк. Прочитајте детали во статијата
3
Косили – препознајте го оригиналниот мирис
Ако денес имате свои деца или учествувате во подигнувањето на други деца, тогаш вие сте дел од онаа генерација која сигу...
3




Анкета

ime za moeto bebe
baby



mila (67%)

sara (33%)


Број на сите гласови: 27

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!