vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Од уникатен дизајн на накит, мебел, ентериер и мода, егзотични и авантуристички патувања, литература, музика, уметност, архитектура, фотографија, шминка, па се’ до вкусна храна, квалитетни пијалоци, слатки и добро кафе и сето тоа сместено во безвременската елеганција и софистицираност на фојаето на Македонската опера и балет, Fashion & Lifestyle Expo е настанот на кој се вкрстуваат сите овие области и елементи, со кои секојдневно го градиме нашиот животен стил.
Второто издание на Fashion & Lifestyle Expo, под мотото #воншаблон, ветува тридневно бегство од секојдневието и рутината и ве предизвикува да излезете од комфорната зона за да ги активирате сите сетила, уживајќи во збогатена и освежена содржина – како во изложувачкиот, така и во програмскиот дел.
Освен во бројните анимирани изложбени простори, посетителите ќе можат активно да се вклучат и во многуте креативни презентации и работилници. Оваа година програмата на настанот е распоредена во неколку катчиња низ фоајето на МОБ – главен - EXPO дел, F&L café, Food corner, Creative hall (гардероберот), Beauty Bar и Галерија во која ќе бидат изложени модни креации, уметнички дела од млади уметници, фотографии и сл., па така, секој посетител ќе може да пронајде активност која ќе го интересира и инспирира да оствари вистинска креативна конекција.
Вечерните часови и оваа година се резервирани за исклучителна забава со музички настапи на актуелни бендови, пијано концерт, модни ревии и уметнички перформанси, дегустација на вкусна храна, квалитетно вино и одлични коктели.
Изложувачите на овој #воншаблон настан се објавени овде, а наскоро ќе биде објавена и деталната програма.
За повеќе информации околу предавачите, работилниците и како да се пријавите и да го резервирате вашето место за истите, следете ја фан страната на Facebook.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете пренатален витамин?
Изборот на пренатален витамин може да изгледа едноставно, но полиците ...
Каква улога има возраста при неплодност кај мажите?
Кога се зборува за плодноста, возраста најчесто се поврзува со жените....
Што значи да имате непроодни јајцеводи?
Кога се зборува за неплодност, еден од поимите со кои може да се сретн...
Дали „детокс диетите“ навистина помагаат за плодност?
На интернет често се појавуваат диети кои ветуваат дека за неколку ден...
Како да избегнете прејадување?
Прејадувањето често не е само прашање на глад. Брзото јадење, стресот,...