Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Водоносецот имаше две големи стомни. Ги носеше на нарамица, закачени на краевите. Едната стомна имаше пукнатина, додека другата беше здрава, па водоносецот во неа секогаш успеваше да донесе иста количина вода. Патот од изворот до куќата беше долг и во пукнатата стомна успеваше да донесе само половина од наполнетата вода. Тоа траеше цели две години, секојдневно.
Здравата стомна беше горда на себе што до крај ја исполнуваше својата обврска, додека кутрата пукната стомна се срамеше од себе, се чувствуваше понижено и потиштено, што секогаш исполнуваше само половина од обврската.
Еден ден, по две години, му се обрати на водоносецот на изворот.
- Се срамам бидејќи водата тече од мене во текот на целиот пат до куќата.
Водоносецот и одговори:
- Дали забележа дека цвеќето е бујно и напредува само на твојата, а не и на страната на другата стомна? Тоа е така бидејќи јас секогаш знаев за твојот недостаток и секогаш те поддржував и те носев од истата страна.
Ти секој ден ги залеваше цвеќињата кога се враќавме. Две години уживам во ова прекрасно цвеќе, со кое го украсувам својот дом. Да не си таква, каква што си, тогаш ни мојот дом нема да биде толку убав.
Секој од нас има по некоја мана. Сите ние сме по малку напукнати стомни. Но сите пукнатини и мани, кои ги имаме сите, го прават нашиот живот единствен, интересен и вреден. Затоа треба да се цени секој, таков каков што е и да се гледа добрата страна кај луѓето. Не можеш да бидеш среќен се дотогаш, додека не научиш искрено да сакаш и не го најдеш сопственото место во светот.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?