|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вашето дете - одговорен граѓанин

U.S. Department of education, 23.11.2011
Интелигенцијата не е доволна. Интелегенцијата плус карактерот, се цел на доброто образование.- Мартин Лутер Кинг

image
/11


 

Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.

 ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ

 

Вашето дете одговорен граѓанин - прв дел

 

Едноставно кажано, да се биде чесен значи да се биде верен на себеси и на другите. Тоа значи да се грижиме доволно за другите, а не да ги употребуваме за лична корист. Исто така значи и соочување со нашите грешки, за кои мора ние да одговараме, а не да ги инволвираме и другите со цел да биде извршена поделба на одговорностите.

Праведност значи донесување на одлуки врз основа на докази, а не врз основа на предрасуди. Тоа значи дека кога се игра според правилата секој треба да се третира подеднакво.

За да се разбере важноста од тоа да се биде искрен и праведен, децата треба да научат дека животот во семејството, заедницата или нацијата, зависи од взаемната доверба. Без искреност и праведност взаемната доверба се отежнува и нарушува и доаѓа го распаѓање на семејството, а со тоа и на општеството.  Постои голема разлика меѓу измама во играта, изневерување на другарот и сокривање на вистината – работи кои децата често ги користат во текот на играта, од тоа детето да се преправа дека е принцеза или астронаут. Значи треба да се направи граница меѓу тоа кои лаги се штетни, а кои дозволени.

 

Што да направите:

  • Бидете пример за чесност во релациите со другите.
  • Разговарајте со децата што е искрено, а што не е. Ставете акцент на тоа, на пример, дека да се биде искрен не значи некому да се каже дека е грд. Љубезноста е особина која треба да биде пред искреноста.
  • Дискутирајте за праведноста во различни ситуации. На пример, како во нашето семејство ја применуваме праведноста? Што значи праведноста за општеството. Кои биле стандардите на праведност во минатото?
  • Разговарајте за тоа како се обидувате да бидете праведни во Вашиот живот и работа. За кои прашања за правда сте се бореле. Вашето дете ќе биде заинтересирано да слуша за ова.

 

 - Мамо, зошто и кажа на касиерката дека ти врати повеќе пари? Тоа беше нејзината грешка, можеше да ги задржиш.

- Бидејќи парите не беа мои, нечесно ќе беше да ги задржам.

 

Самодисциплина

Самодисциплината е способност да се постави реална цел, или да направите план до кој ќе се држите. Тоа е способност да се спротивставите на работите кои може да го попречат Вашиот план. Самодисциплината е основа за многу други квалитети на карактерот. Многу често самодисциплината бара упорност и држење до долгорочните обврски, а оставање на моменталното задоволство за подоцна. Исто така вклучува ефектно справување со емоциите, како што се лутина и завист и развој на трпеливоста.

Учењето на самодисциплина им помага на децата да го регулираат нивното однесување и им дава волја да донесуваат добри одлуки. Од друга страна, неуспехот при развој на самодисциплина, им остава на децата широко отворени врати за деструктивно однесување. Кога децата не се научени да се контролираат или да не реагираат импулсивно, често ја нуркаат главата во многу штетни ситуации.

 

Што можете да направите:

  • Разговарајте со Вашето дете и поставете дофатливи цели. На пример големите задачи кои треба да ги изврши, раздвојте ги на помали задачи, кои ќе се исполнуваат една по една. Кога ќе помине рокот за извршување на задачата уверете се дека сите помали задачи се извршени.
  • Помогнете му на детето да осознае дека е компетентно за извршување на задачата без оглед на тоа дека е мало и неискусно. Ова ќе му влее доверба за следната задача.

 - Кој те бараше на телефон?

- Тоа беше Мартин тато. Ме викаше да одам со него да си купи ново DVD.

- И што му кажа ти?

- Му кажав дека не можам бидејќи ќе работам на мојот проект за во училиште.

 

Добри одлуки

Децата ќе развијат силен карактер, ако правилно расудуваат што е исправно, а што погрешно, што е добро, а што лошо. Дури и на возрасните им е тешко да ја направат оваа разлика, а на децата им е секако, уште потешко. На пример, на детето му е тешко да расуди што е храбро, а што неодговорно однесување. Како родители, ние можеме да му покажеме во такви ситуации да се размислува смирено и чесно и притоа да се внимава никој да не биде повреден. Понекогаш и ние навлегуваме во неволји, бидејќи не сме размислиле добро и сме дозволиле да не водат емоциите. Понекогаш нашите емоции не воведуваат во ситуации за кои подоцна жалиме.

Способноста на Вашето дете да донесува добри одлуки ќе созрева со годините и со добрите примери кои му ги давате.

Со годините, исто така, за детето може да стане полесно да си најде оправдување за себичното или несовесно однесување. Меѓутоа, ако му помогнете на детето да ја развие искреноста, храброста, одговорноста и самопочитта Вашето дете ќе биде способно да ги воочи недостатоците во своето размислување и да биде способно да дојде до правилен заклучок за тоа што треба да го направи.

 

Што можете да направите?

  • Научете ги Вашите деца да размислуваат пред да делуваат импулсивно.
  • Научете ги Вашите деца да не го прават секогаш тоа што го чувствуваат. Кажете им дека бидејќи силно посакуваат нешто – на пример да го удрат другарчето кое ги налутило - не значи дека тоа е правилно однесување.
  • Охрабрете го детето да размислува за последиците од неговото однесување.
  • Потсетете го детето на правилата кое се однесуваат на некоја ситуација. На пример, правилата за однесување на фудбалски натпревар и правилата за однесување во црква.

 

- Навистина се налутив бидејќи Давор не сакаше да разговара со мене.

- Што правевте во тоа време?

- Чекавме да го земеме својот оброк.

- Па нели го знаеш правилото дека не се разговара додека го чекаш својот оброк? Значи дека Давор ја направил вистинската работа.

 

Продолжува...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - видео
Погледнете ја Приказната за Јана која ја подготвивме за сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате ...
4
Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?