Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Може да Ви биде чудно, но потполно е нормално...
Секој ден по терминот за породување ќе Ви изгледа како цел месец.
Можеби ќе се разочарате ако плодовата вода Ви тече капка по капка. Веројатно повеќе би Ви се допаднало Вашиот водењак да пукне на работа, во продавница, или уште подобро – во ресторан “драматично и спектакуларно”, како во филмовите!
Веројатно ќе бидете прилично изнервирани кога партнерот по петти пат ќе Ви каже “Кога се ќе заврши, ќе сфатиш дека болките вредеа”.
Иако се подготвивте за потполно природно породување, нема да биде необично ако по првите контракции се предомислите. Ќе побарате епидурална и тоа ВЕДНАШ!
Веројатно многу Ви пречеше кога на плажа Ве меркаа во костимот за капење, или гледаа во Вас во фитнес центарот кога обилно се потевте во тек на вежбањето...Во породилната сала сте голи, испотени и бучни. Како Ви изгледаат од овој агол проблемите од плажата и фитнес центарот?
Можеби сте противник на епизиотомијата, но кога ќе дојде моментот на Вашето бебе да му се ослободи преминот на овој свет – нема да Ви изгледа како лоша опција. Напротив!
Нека не Ве изненади ако посакате да ја удрите секоја личност од персоналот која во текот на породувањето (читај болките) ќе каже:”Добро Ви оди”.
Немојте да се возбудувате заради разните крици кои ќе ги чуете во породилната сала, или гласното стенкање и пцуење. Во еден момент ќе сфатите дека потекнуваат токму од Вас!
Се породивте, добивте здраво и убаво бебе... Се чувствувате како најквалификувана личност на светот да делите совети за породување. Само напред!
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна редовната хигиена во домот?
Домот е многу повеќе од четири ѕида. Тој е наше засолниште, место за о...
Здравствени придобивки од јадење овошје
Овошјето е едно од најприродните и највкусните извори на витамини, мин...
Колострумот, познат како „првото млеко“, е вистинско богатство што мај...
Секој од нас барем еднаш почувствувал чувство на тежина, стегнат стома...
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...