Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Причината за оваа појава лежи во неотпорноста на слузницата и намалување на влажноста на усната празнина која има заштитна улога, а се регулира по третиот месец од животот на бебето. Неопходно е лекување, во спротивно може да доведе до намалување на апетитот и одбивање да цица. Причинител е габичната инфекција candida albicans која насекаде е распространета.
Постои во два облика:
- физиолошки, кој е нормален: живее во цревата и учествува во процесот на метаболизмот
- патолошки: за брзо време доведува до инфекција.
Бебињата најчесто се заразуваат при породувањето, за време на поминувањето низ породилните патишта. Кандидата се пренесува и преку допир, па многу е важна хигиената на рацете на мајката. Влажна, надразнета и претходно воспалена кожа од пеленски осип претставува погодно место за кандидата, што дополнително го влошува пеленскиот осип.
Соор во суштина лесно се лекува со локална употреба на одредени капки за 15 дена, доколку така одлучи педијатарот. Лекувањето е поуспешно доколку пред соодветниот лек наслагите се поминат со стерилна газа претходно натопена во превриена вода во која има растворено сода бикарбона.
Доколку инфекцијата се пренесе на брадавицата на мајката додека го дои бебето, треба да нанесе антимикотик локално, по препорака на доктор.
Како во устата, така често се случува и воспаление на кожата, односно газето, а причинител е истата кандида. Појавата на пеленскиот осип се задржува и поради влажноста и топлината од пелените, како и привремена слабост на одбрамбениот механизам на бебето. Урината и столицата дополнително и помагаат на кандидата за нејзино одржување.
Од подрачјето околу аналниот отвор, кандидата лесно се шири накај препоните, надворешните полови органи и газето така што предизвикува инфекција со воспаление и црвенило. Основна превенција е често менување на пелените, особено во првите месеци од животот. Често миење на газето, едно десетина минути да се остави бебето без пелена и на крај да се намачка газето со крема која штити од влажност и развој на бактерии.
Доколку бебето пие адаптирано млеко, шишето и цуцлите да се вријат редовно.
И секогаш мора да се обрати внимание на хигиената на рацете.
5
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како загадениот воздух влијае врз детското здравје?
Загадениот воздух е еден од значајните фактори на животната средина шт...
Како да препознаете дека сте навистина заљубени?
Заљубеноста може да биде едно од најубавите чувства, но понекогаш е те...
Што е страв и зошто е важен за нашиот опстанок?
Стравот е една од основните човечки емоции и природна реакција на орга...
Како постепено да го намалите кафето пред бременост?
Ако планирате бременост, една од навиките на кои вреди да обрнете вним...
Што всушност претставува дебелината?
Дебелината не е само прашање на изгледот или бројката што ја покажува ...