Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Заедно со промените во количината и структурата на цервикалниот секрет и мерење на телесна (базална) температура е еден од сигурните показатели на овулација. Како и кај другите методи, доколку за време на неколку циклуси, редовно и внимателно ја пратите базалната температура, ќе ви биде познат денот на зголемена температура, а со тоа и времето на овулација кое настанува 2-3 дена пред тоа.
За време на овулација, базалната температура се зголемува за 0,3 до 1°C. Ова зголемување настанува, поради тоа што вашето тело по одвојување на јајните ќелии започнува да се подготвува за зачнување и произведува прогестерон, поради што доаѓа до зголемување на базалната температура. Секое зголемување на базалната температура, не значи дека дошло до овулација, затоа е важно секој ден внимателно да се следат промените. Доколку температурата одеднаш се зголеми и продолжува да се зголемува 2 дена потоа, тој период претставува овулација. Плодни денови настапуваат 2-3 дена пред зголемување на температурата и можеби, уште на денот на зголемената температура.
По овулација температурата останува зголемена за 0,2°C, се до следниот менструален циклус, кога се враќа на нормално ниво. Доколку во тек на овулација дојде до зачнување, телесната температура останува зголемена.
Дел од циклусот | Промена на температурата |
Почеток на циклус (за време на менструација и веднаш по неа) | Нормална телесна температура се движи помеѓу 36,0 и 36,3 °C |
Околу овулација (се приближуваат плодни денови) | Се зголемува за 0,3 do 1 °C |
По овулација (по плодни денови) | Останува зголемена за 0,2 °C до следната овулација |
|
|
Како се мери телесна температура?
Телесна температура се мери наутро, веднаш по будење, пред да станете од креветот или да се протегнете, пред сексот, првите цигари, пред било што. Важно е да сте имале 6 часа мирен сон, да не употребувате таблети за смирување, или било какви стимулатори, да немате грозница и да сте здрави.
Се препорачува телесната температура да се мери секој ден во исто време, под јазикот или во анусот (можете да го навиете будилникот да ве разбуди порано, отколку што обично станувате, да ја измерите температурата и ако имате време да се вратите да поспиете уште малку) и секогаш треба да користите ист топломер.
Прв ден на мерење треба да биде првиот ден на менструација. Секое мерење треба да се запише во табела. Важно е да знаете дека секоја промена во емотивната или физичка ситуација може да влијае врз телесната температура, затоа е важно и ваквите отстапувања, исто така да се запишат во табела. Тоа подоцна ќе ви помогне подобро да ја разберете.
забава Бремените
Автор: bobik
Брзи и хранливи оброци за зафатени мајки
Секојдневието на една мајка е исполнето со обврски, од грижа за децата...
Како доаѓа до жолтица кај новороденчињата?
Жолтицата кај новороденчињата е чест феномен кој се јавува во првите д...
Домашни лекови кои помагаат при кашлица
Кашлицата е еден од најчестите симптоми кои го нарушуваат нашето секој...
Лажно позитивен тест за бременост
Домашните тестови за бременост денес се многу прецизни, но сепак посто...
Дали клима уредите се добри за бебињата?
Во летните жештини, клима уредот често е спас за родителите и нивните ...
Доење.
Admin
Дали мислите дека е вистина дека колку подолго жената дои, толку е подобар имунитетот на детето?