|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Нека е здраво, паметно и нека биде...

Редакција Рингераја, 28.5.2012
Денешниот начин на живеење многу влијае на потомството. Денес сте во можност да влијаете на зголемување на можноста бебето да Ви биде здраво. Во Вашите раце е клучот на здравјето на Вашето дете.

image
/11


 

 

Низ неколку параграфи ќе Ви објасниме на што треба да обрнете внимание пред зачнувањето.

 

Намалете го ризикот на вродени маани

Прва работа од Вашиот попис, која морате да ја направите ако се обидувате да зачнете е да му обезбедите на Вашиот организам најмалку 400 микрограма фолна киселина на ден. Повеќето жени не добиваат доволно од тој витамин биз исхраната. Земањето на  фолна киселина пред и во раната бременост ќе му овозможи на Вашето бебе квалитетен развој на мозокот и 'рбетниот мозок, а ќе помогне и во спречување на сериозни вродени маани.

Исто така, важно е да се посоветувате со Вашиот лекар за сите лекови и додатоци во исхраната кои ги земате и да престанете со земање на оние кои не Ви се потребни, или се штетни по развојот на плодот. Ако пушите или пиете алкохол, престанете и со тоа.

 

Развој на мозокот

Земањето на фолна киселина помага во нормалниот развој на мозокот на бебето, но дали сте знаеле и дека Вашата штитна жлезда исто така има големо влијание? Недостатокот на јод во бременоста, кој резултира со недостаток на хормонот на шттната жлезда, може да има значајно влијание врз равојот на мозокот на Вашето бебе. Накратко, проверете ја состојбата на Вашата штитна жлезда за да бидете сигурни дека се' е во ред со неа, односно доведете ја во нормална состојба земајќи лекови.  Ако досега не сте направиле контрола на штитната жлезда, закажете термин со Вашиот лекар кој ќе провери дали е се' како што треба да биде.

 

Севкупна здравствена состојба

Прекумерната телесна тежина во тек на бременоста може да остави сериозни здравствени последици на бебето, вклучувајќи ја дебелината на бебето, развој на високо ниво на холестерол, висок крвен притисок или инсулинска резистенција во текот на животот. Високиот БМИ (поголем од 25) е поврзан со потешкотии при зачнување, родени недостатоци, како и други компликаации во тек на бременоста, како што се гестациски дијабетес, прееклампсија и потреба за царски рез. Затоа обрнете внимание на прекумерната тежина и подобро сега изгубете килограми, за да помогнете во добра здравствена состојба на Вашето бебе.

 

Момче или девојче

Постојат гласини кои говорат за тоа што треба да се јаде, во кој период од циклусот треба да се зачне, или со која поза може да се зачне момче или девојче. Немојте премногу да се занимавате со тоа. Досега не е потврдено ниту едно од овие тврдења дека коже да влијае на полот на бебето при зачнување.

Интересно е што современата репродуктивна медицина се фали дека денес е можно да се грушпираат сперматозоидите на начин  кој ќе ја зголеми можноста за момче или девојче, но ниту ваквиот метод не е 100% точен. Во секој случај, доколку сакате да ги зголемите можностите за дреден пол, тоа е можно само преку ИВФ третман.

Доколку сакате да влијаете на бојата на очите, видот на косата, или на карактерот на Вашето дете, ниту тука нема да имате успех. Тоа се рабпоти на кои никој не може да има влијание. Детето секогаш ќе биде совршена комбинација на мајката и таткото и како такво ќе го сакате безрезервно. Најважно од се е бебето да биде здраво и живо!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најпопуларните природни афродизијаци
Афродизијаците или afrodisios, што на грчки означува љубовно уживање, претставуваат супстанци кои ја зголемуваат сексуал...
3
Малини – извор на плодноста!
Покрај неодоливиот вкус, малините се карактеризираат со состојките кои неверојатно благотворно делуваат на репродуктивно...
3
Овулација и плодни денови
До овулација доаѓа кога јајце клетката која созревала во јајникот во текот на циклусот ќе се издвои и ќе го започне свој...
3
Колку трпение бара патот до бременост?
Ако не забремените веднаш, не паниете. Прочитајте што е навистина нормално додека се обидувате и кога е време да побарат...
2




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?