Nale во 23:30
на тема RE: Хистероскопија

Заедно со промените во количината и структурата на цервикалниот секрет и мерење на телесна (базална) температура е еден од сигурните показатели на овулација. Како и кај другите методи, доколку за време на неколку циклуси, редовно и внимателно ја пратите базалната температура, ќе ви биде познат денот на зголемена температура, а со тоа и времето на овулација кое настанува 2-3 дена пред тоа.
За време на овулација, базалната температура се зголемува за 0,3 до 1°C. Ова зголемување настанува, поради тоа што вашето тело по одвојување на јајните ќелии започнува да се подготвува за зачнување и произведува прогестерон, поради што доаѓа до зголемување на базалната температура. Секое зголемување на базалната температура, не значи дека дошло до овулација, затоа е важно секој ден внимателно да се следат промените. Доколку температурата одеднаш се зголеми и продолжува да се зголемува 2 дена потоа, тој период претставува овулација. Плодни денови настапуваат 2-3 дена пред зголемување на температурата и можеби, уште на денот на зголемената температура.
По овулација температурата останува зголемена за 0,2°C, се до следниот менструален циклус, кога се враќа на нормално ниво. Доколку во тек на овулација дојде до зачнување, телесната температура останува зголемена.
Дел од циклусот | Промена на температурата |
Почеток на циклус (за време на менструација и веднаш по неа) | Нормална телесна температура се движи помеѓу 36,0 и 36,3 °C |
Околу овулација (се приближуваат плодни денови) | Се зголемува за 0,3 do 1 °C |
По овулација (по плодни денови) | Останува зголемена за 0,2 °C до следната овулација |
|
|
Како се мери телесна температура?
Телесна температура се мери наутро, веднаш по будење, пред да станете од креветот или да се протегнете, пред сексот, првите цигари, пред било што. Важно е да сте имале 6 часа мирен сон, да не употребувате таблети за смирување, или било какви стимулатори, да немате грозница и да сте здрави.
Се препорачува телесната температура да се мери секој ден во исто време, под јазикот или во анусот (можете да го навиете будилникот да ве разбуди порано, отколку што обично станувате, да ја измерите температурата и ако имате време да се вратите да поспиете уште малку) и секогаш треба да користите ист топломер.
Прв ден на мерење треба да биде првиот ден на менструација. Секое мерење треба да се запише во табела. Важно е да знаете дека секоја промена во емотивната или физичка ситуација може да влијае врз телесната температура, затоа е важно и ваквите отстапувања, исто така да се запишат во табела. Тоа подоцна ќе ви помогне подобро да ја разберете.
Borjan :)
Автор: ivanaborjan
jovan
Автор: milo20052011
Многу од производителите на чевли во својата понуда денес имаат и штик...
Каков е имунитетот во првата година од животот?
Докторите направиле тест кој открива колку е силен имунолошкиот систем...
Бебето родено 453 грама, напредува добро!
Бебето кое е родено 4 месеци предвреме и со само 453 грама тежина, ги ...
Кегеловите вежби се едноставни, но многу ефикасни и би требало да ги н...
Последната песна на Витни Хјустон
На интернет е објавена последната песна која ја отпеала и снимила почи...

Овoј десерт е здрав,за позитивните страни на оревите,лешниците,урмите,ленот,сусамот и овошјата сите знаеме...
ПовеќеНајубаво машко име
SandraR
<3