|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Хумористична приказна која најточно го осликува нашиот начин на живот

image
/11


 

 

Велат дека секој ден треба да изедеме едно јаболко, а и една банана заради калциум. Исто така и портокал заради Витамин Ц! И обавезно да испиеме една чаша зелен чај (без шеќер) за намалување на маснотиите во крвта!

 

Секој ден мораме да испиеме два литри вода (и после тоа да го зголемиме двојно времето кое го поминуваме во WC).

 

Секој ден треба да испиеме барем по еден биоактив јогурт за да имаме добри бактерии, за кои никој не знае што се, но ако не примите барем еден милион од тие бактерии, тешко Вас!

 

Секој ден по еден аспирин за превенција од инфаркт и една чаша црно вино, исто така против инфаркт. И една чаша бело вино, за нервниот систем! И една чаша пиво....не можам да се сетам за што беше! Ако ги испиеш одеднаш ќе добиеш мозочен удар, но не грижи се, ништо нема да почувствуваш.

 

Секој ден треба да јадеш зрнеста храна. Многу, многу зренеста храна. Потребни се 4-6 дневни оброци, лесни, со тоа што не смееш да заборавиш дека секој залак треба да го џвакаш најмалку 36 пати. Така за сите оброци ќе ти требаат 5 часа!

 

Е да, по секое јадење треба да ги измиеш забите, така што ќе ги измиеш после јаболкото, бананата, биоактивниот јогурт, после зрнестата храна. И така се додека имаш заби во устата. Внимавај да не го заборавиш конецот за заби, масажата на небцата и промивка со вода за уста. Би било добро ако ја преуредиш бањата, можеби ставајќи ЦД плеер или ТВ, бидејќи ќе поминуваш многу време таму.

 

Треба да се спие 8 часа и да се работи 8 часа, плус 5 часа за јадење, тоа е 21 час. Ти остануваат 3 часа, ако нема гужва во сообраќајот. Според статистиката телевизија се гледа по 3 часа дневно. Ти повеќе не можеш да го правиш тоа, бидејќи секој ден мора да пешачиш по пола час. Треба да ги негуваш пријателствата со тоа што ќе се гледаш со пријателите секојдневно.

 

Меѓу другото, мораш да останеш информиран и да читаш барем два дневни весници и неколку неделни, за да имаш критички став. Треба да поминуваш барем по еден час дневно на социјалните мрежи и интернет. Секој ден треба да имаш сексуални односи, но гледај да не западнеш во рутина: треба да бидеш иновативен, креативен и секој ден повторно да го освојуваш партнерот. За сето ова е потребно време.

 

Треба да имаш време за пријатни моменти со семејството, чистење, миење чинии, перење, да не зборуваме што ќе значи ова ако имаш деца или домашно милениче.

 

Калкулаторот покажа дека за ова ти се потребни минимум 29 часа. Единствена можност која се наметнува е да правиш неколку работи истовремено! На пример: туширај се со ладна вода и држи ја устата отворена, за да испиеш две литри вода. Додека излегуваш од купатилото со четката за заби, сексај се со партнерот кој гледа ТВ и истовремено чита весник.

 

Ти остана една рака слободна. Време е да им се јавиш на пријателите. Испиј чаша вино и еден аспирин по разговорот.

Ууууу

 

Ако ти останаа две минути сподели го ова со своите пријатели, додека јадеш лажичка мед, која е многу корисна.

Сега те поздравувам, бидејќи меѓу јаболкото, јогуртот, пивото, двата литри вода и третиот оброк со зрнеста храна и не знам што требаше уште...морам ИТНО во WC.

Ќе заштедам неколку минути и ќе ги мијам забите истовремено.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Немирно дете = интелигентно и бистро дете?
Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги глед...
5
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
5
Храна и пијалоци кои содржат арсен
Водата и почвата, за жал, често се полнат со секакви отровни материи. Индустријата остава трајни наслаги од штетни хемик...
4
Како детето станува “мал тиранин”?
Детето може да биде насилно кон пожртвуваната мајка, бидејќи никогаш не се сретнало со нејзините граници – не знае што с...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?