|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Семејството - фактор за развој на детската личност

www.doktori.mk, 8.7.2014
Многубројните истражувања и сознанија покажуваат дека еден од најзначајните услови за позитивен развиток на децата е социо-емоционалната атмосфера во семејството

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Во оние семејства каде што постои љубов, срдечност, меѓусебна човечка комуникација, почитување, заемно помагање, децата се развиваат нормално, со чувство на безбедност, емоционално се постабилни, достоинствени се, но и кооперативни.

Малото дете, долго време е беспомошно и затоа чувствува силна потреба за сигурност и љубов. Во овој период детето е многу чувствително суштество и затоа најсилното воспитно средство за него е љубовта. Некои истражувања покажуваат дека децата кои биле лишени од семејна атмосфера и љубов заостанувале во секој поглед од развојот. Тие покажувале слаб физичкиот развој, иако имале добра исхрана и хигиена. Особено слаби резултати биле забележани во нивниот ментален развој, нивниот ментален количник бил многу понизок во спредба со со оние деца кои живееле и се развивале во семејство (Фром, 2006).

Повеќето автори се сложуваат со тоа дека родителот за детето во развој претставува модел со кој тоа настојува да се идентификува. Затоа, сметаат тие, многу е значајно како се однесува родителот и какви особини поседува. На пример, многу е значаен односот на родителот кон другите луѓе, меѓусебниот однос на брачните партнери, односот кон обврските и работата, кон основните општествени и етички вредности итн. Децата немајќи достатно искуство, многу често безрезервно се идентификуваат со родителите бидејќи бескрајно им веруваат. Затоа, некои автори забележуваат дека може да има тешки последици во развојот на детето ако до својата десетта година нема и други ,, значајни” личности со кои тоа би се идентификувало.

 

Улога на воспитанието 

Воспитанието е битна општествена дејност, функција и појава. Тоа се издвојува како посебен решавачки фактор за развојот на личноста поради две основни причини:

  1. тој е најорганизиран и најцеленасочен социјален фактор кој овозможува по најкраток пат да се усвои работното искуство и социјалното наследство на човештвото и претходните генерации; и
  2. поради тоа што по својата природа воспитанието претставува непосредно комплексно и според возрастите сообразено организирано општествено влијание за развој на луѓето во повеќе правци.

Според тоа, иако воспитанието како свесна и организирана дејност, претпоставува и самодејност, т.е. самовоспитание на индивидуата насочено врз сопствениот развој. Во таа смисла воспитанието претставува одговорност на општеството за развој на своите членови, но претпоставува и лична одговорност и свест за сопствениот развој на секоја индивидуа одделно.

Моќта на воспитанието врз развиотокот на личноста доаѓа до израз особено во манифестирањето на некои посложени наследни диспозиции, особено во развојот на интелигенцијата и некои психомоторни способности. Меѓутоа, воспитанието неможе да се изедначува со развитокот на личноста. Имено, прво, врз развојот на личноста дејствуваат и други фактори , а не само воспитанието, и второ, во развојот на личноста ,,не влегува” секое дејство на воспитанието туку само она што активно е преработено.

 

Елена Ангеловска

дипломиран психолог, магистрант по развојна психологија

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е алергија?
Кога се јавува алергија имуниот систем неправилно и бурно реагира на безопасни материи, бидејќи ги заменува со антигени....
4
Народни рецепти против хемороиди
Хемороидите се натечени, но нормално присутни крвни садови во пределот околу анусот и долниот дел од ректумот. Денес ви ...
4
Како да ги заштитите децата од ликот Момо?
Откако повторно се крена прашина околу морничавото суштество Момо, кое ги тера дечињата да прават работи кои може да им ...
3
Што да направите кога детето е љубоморно?
Се верува дека детето чувствува љубомора ако родителите не му обрнуваат доволно внимание. Дури и ако детето е единец и н...
3




Анкета

Brza Hrana
AnMari

Dali e opasno pregolemoto vnesuvanje Brza Hrana?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!