Boki77 во 10:13
на тема RE: ПХД Биопирамида
Виртуелни муабети, кафенца, разновидна храна и по некој пијалок во бла бла клубот ги имаме секојдневно, но реалните дружби се нешто посебно, незаменливо. Не секој пронаѓа време да присуствува на секоја дружба, но затоа присутните сликовито и со многу емоции ги опишуваат прекрасно поминатите моменти со своите Рингераја пријателки. Така беше и овој пат, дискусиите од Бла Бла клубот на Рингераја продолжија и реално во прекрасното сончево саботно пладне.
Велат по утрото денот се познава и така беше и ова саботно утро и целиот ден, по постот на Натушка85 се претчувстуваше уште еден прекрасен ден за Рингерајки:
Натушка85: „Женски видете какво ни е убаво времето, ќе си се прошетаме убаво.“
Оние кои неможеа да присуствуваат им посакаа добра забава и дружење и со нетрпение ги чекаа сликите.
Следните постови од Рингерајки најубаво ги доловуваат моментите од дружбата:
Виктори: „Се чекавме кај Ченто, пиевме кафе и јадевме пица во Ања. Имаме подарок преубави обетки од Оливиа!!! Супер изненадување за Нова Година! Голем поздрав до Беатрис, Натушка, Оливија, Маца, Џесика, АнаМоли, Лале.... и до Јованка која не поздрави преку жица. Жени прекрасни сте!!! Ве сакам најмногу!!“
Маца25: „Еве сум и јас, го почитувам договорот да се најдеме на РР за 2 саати. ги легнав децата и сега сум раат.
Супер си поминавме, се изнамуабетивме, си добивме најпрекрасни обетки (јас моите успеав да ги ставам, конечно), си се напивме кафе и каснавме пица. Мислам дека јас и Џесика најсреќни бевме, што малце ги одморивме рацете и нозете и седевме на раат, а децата домче. Со душа чекам пак да ве видам!!!“
Џесика: „Леле колку најубаво си поминав!!! Инаку обетките се уште на мене, значи до сега се акавме по лекари, Козлиња на прегледи, а јас со обетките на мене. Маца во право беше, ваков раат не сум осетила одамна, не ми се стануваше од маса... Феноменално!!!!“
Натушка85: „Супер си поминавме, времето топ ни се погоди. Си седевме надвор во ања на воздух кој си јадеше пица кој си пиеше кафенце, мх, мх, мх мераци. Си добивме обетки од Оливија,рачно изработени од неа.Фала Оливиа уште еднаш.Па си се прошетавме низ плоштад, имавме гратис гушкање и сликање со Дедо Мраз. Слики чекаме од Беатрис и Ана Моли. Едвај ја чекам наредната средба.“
Беатрис: „Дружбата ни беше топ можевме така да си седиме уште 5 саати без проблем, а мислам дека и најгласни бевме во Ања. Оливија не изненади со прекрасните обетки, фала најмногу....... Веќе ми фалите, ве сакаааааааам.“
И после сето ова може повторно да заклучиме дека Рингераја дружбите се посебни, единствени и прекрасни бидејќи на нив присуствуваат најпрекрасни сегашни и идни родители и дечиња.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
7 совети за подобро да спиете додека сте бремени
Спиењето не е лесно кога имате трудничко стомаче. Еве 7 совети што мож...
Расположението во бременоста.
Admin
Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?