namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Лежам на ќебенце на средина на ливадата, под мене тревата испушта пријатен звук, кој ги милува моите уши. Околу мене се слуша глас на разиграни деца, кои уживаат како мене, се смеат, се гледаат и се целосно навлезени во играта. Се што слушам е како музика и се чини како да играат само за мене. Гледам облаци на небото, кои танцуваат таму високо, дури повисоко и од сонцето, се обидувам да ги избројам сите. Исто како оние јагниња кои ги бројам навечер, кога не можам да заспијам, сега ме успиваат облаците како најубава приспивна песна.
Се будам во кревет и знам дека под мене веќе не е меката трева, бидејќи звукот на овие легла е сосема поинаков. Над мене сеуште има сино небо, на кое има нацртано сонце и птици, но сепак знам дека тоа не е вистинско небо. Пред да сфатам каде точно сум, гледам три пара очи кои гледаат во мене. Очи кои светат повеќе од другите и така можам да ги препознаам. Тоа се моите другарки! Насмевката сама се црта на моето лице, а насмевка има и кај Марија, Јана и Калина, кои како три непослушни девојки, сигурно би сакале да ме извлечат од креветот и заедно да избегаме. Но, моите другарки знаат дека треба уште малку да лежам во постела. Забележувам дека нешто сакаат да ми покажат. Зад нив ја гледам мамичка, која носи радио, моите другарки се оддалечуваат малку и Марија извикува: „Три, четири сега! “ Започнува да свири нашата омилена песна и моите другарки почнуваат да танцуваат на прсти. Јас ги гледам како уживаат во танцот и пеат заедно како вистински пеачки. Ох, колку спомени ми буди оваа песна и овoj танц... Тоа се моите другарки, кои по првпат танцуваат без мене, но само за мене. Колку многу ги сакам и не можам да дочекам повторно да играме заедно!
Во моментот, кога песната заврши, моите другарки повторно дојдоа до мојот кревет и почнаа да ме прашуваат како танцувале, дали сум ја видела новата кореографија и дали сум слушала како пејат, како добро ги научиле зборовите. Почнаа да ми раскажуваат како во градинка ги учеле момчињата да танцуваат заедно со нив, на што сите заедно се смеевме. Потоа наеднаш почнаа да ми опишуваат колку е убаво во градинка, особено сега кога сите заедно ќе прават играчки. Сите морале од дома да побараат што повеќе стари облеки и материјали кои повеќе не ги употребуваат, се да исперат и да донесат во градинка. Јана почна да раскажува за копчињата и лентите кои ги побарала од нејзината баба и фломастерите кои и ги позајмила нејзината постара сестра, која веќе оди на училиште. Една по друга зборуваа, толку многу имаа да ми кажат. Марија зборуваше за куклата, која ќе има долга коса од волна до под раменици и чевли кои ќе и ги нацрта така што ќе се смеат (насмеани чевли)... Јана рече дека ќе изработи машка кукла да не бидат женските кукли сами. Ќе има панталони со трегери и зимска јакна. Калина се сети дека не ми кажале што ќе прават со тие играчки и зошто ќе ги изработуваат. Калина рече: “Миа, тоа ќе бидат прегратки на дар.” Ми објаснија дека тие ќе изработуваат играчки за другите деца и ќе им ги подаруваат како прегратка на дар. Бидејќи прегратката е навистина нешто топло и убаво. Тие подароци – прегратки ќе ги добијат децата кои се во болница и ќе можат да ги имаат тие играчки секогаш покрај себе, со нив ќе може да се забавуваат, а и да добијат прегратки кога ќе бидат осамени. Колку убаво, помислив. И јас би сакала да имам таква играчка.
...
Дојде сестрата и рече дека е време за мојот лек. Моите другарки ме поздравија, секоја на свој начин, така како што сме научени, ми се насмевнаа и ми мавтаа да ме отпоздрават. Знаев дека ќе ги видам наскоро пак, бидејќи тешко издржуваме една без друга и таа мисла за повторно видување беше толку убава што цел ден се смеев. Размислував, колку би било убаво, кога и јас во градинка би направила играчки заедно со моите другарки. Би направиле три девојки, секоја сосема различна, но многу посебна. Тоа би биле моите другарки, Јана, Марија и Калина, и со радост потоа би ги подарила некому, да има во секој момент три прегратки, онакви какви што имам јас.
МИА
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...