|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 2012. Целта на приказната е децата да спознаат и почувствуваат со која цел ги изработуваат играчките и кому ќе ги подарат своите дела

image
/11


 

Продолжува од Приказната за Јана - 2 Дел

Петок е. Додека сите деца ја пееја песничката која учителката цел ден неуморно ја повторуваше, Јана повторно беше отсутна со мислите. “Како е Ева, дали оздраве, дали и се допаѓа куклата, дали и простила, ќе и биде ли повторно најдобра другарка?” Беше среќна што направи добро дело, што испрати пријателска прегратка до својата другарка, но и тажна, бидејќи немаше никакви вести од неа...

Тогаш на вратата се појави Битолското чупе. Со поглед  ја бараше Јана во полната соба со деца. Јана ја потпрела главата на рака и не забележа дека на вратата е нејзината пријателка, добрата вила од Битола. Дојде до неа, ја погали по косата, а Јана стана и силно ја прегрна. Битолското чупе во рацете држеше писмо. “Ова е за тебе” – изговори.  “Им носев млеко и јогурт на болните деца и им кажав колку е здраво да го пијат. Некои деца не сакаа, но кога ги видоа другите деца кои пиеја како веднаш станаа од креветите свежи и полни со енергија, сите побараа млеко. Тогаш ја видов твојата другарка Ева како ја држи куклата во прегратка, како со неа си игра, како и ја гали косата и се врти во круг од радост. И се доближив и и' кажав колку си тажна, колку ти е жал за лошите зборови, а и таа ми кажа дека жали за својата постапка,  дека едвај чека да излезе од болница и да ти се извини за тоа што го направи. Тогаш една идеја како сонце и ги осветли очите. – Сакам да и напишам писмо на мојата другарка Јана. Ќе ми помогнеш ли Битолско чупе бидејќи се уште не знам да пишувам? Ова е писмото кое го напишавме. Сакаш ли да го прочитаме тука, да слушнат сите твои другарчиња како се чувствува Ева? ”

Јана радосно климна со главата. Битолското чупе почна да чита:

 

 

“Драга Јана.

Мојата мајка ја донесе куклата која си ја направила за мене, млекото и јогуртот кои сте ми ги испратиле со Битолското чупе  и не можам да ти опишам колку голема среќа почувствував во тој момент. Како да ми падна камен од срцето, бидејќи знаев дека си ми простила затоа што бев лоша и ја искинав твојата нова кукла. Знаеш, оваа кукла е многу поубава од таа, кога ќе излезам од болница заедно ќе си играме со неа. Кога ја прегрнав куклата, како да те прегрнав тебе. Сигурно и ти ја имаш прегрнато, бидејќи мирисаше на тебе.  Почувствував некоја чудна топлина околу срцето и за прв пат лицето ми се насмевна. Станав од креветот и почнав да им ја покажувам куклата на другите деца. – Видете, другарка ми Јана ја направила оваа кукла за мене! Замислете, со свои раце направила кукла само за јас да оздравам. Ах колку прекрасна другарка имам. Како со волшебно стапче ја избрка болеста од моето тело, подобро ми е, оздравев.

Ти благодарам Јана, имаш волшебни раце. Ова е најубавиот подарок кој сум го добила. Ми простуваш, нели? И јас ти простив, знаеш. Козата е симпатично животно, нели? И таа како кравата и овцата дава млеко, кое е најздрава храна за сите деца. Знаеш Јана и јас почнав да пијам млеко. Битолското чупе ми кажа дека тоа содржи протеини, минерали и витамини кои го подобруваат здравјето на децата и им даваат енергија.  Едвај чекам да те видам и вистински да те прегрнам, па потоа заедно да испиеме по една чаша битолско млеко. Се до тогаш силно ќе ја држам куклата во прегратка, бидејќи во неа има чудна моќ.

Твоја Ева”

Јана скокна од среќа толку високо, што за малку ќе го допреше плафонот. Нејзиното срце  наеднаш стана мирно и и' беше полесно, сега знаеше дека се ќе биде во ред. Ева веќе не и е лута, неспоразумот го решија, здравјето на нејзината пријателка брзо се подобри и уште малку ќе бидат пак заедно. Може ли да си посакаш нешто подобро? „Ова е најубавиот петок во мојот живот“, си рече сама себеси. Писмото внимателно го стави во џебот од ранчето и го затвори патентот.

 

 

Го прегрна Битолското чупе, ја прегрна учителката и почна да ги прегрнува сите деца од групата.  “Никогаш немојте да бидете лоши со вашите другари. Исполнете ги своите срца со добрина, подарете играчка, насмевка, прегратка. Не чини ништо, а лекува. Пријателската прегратка може да истера лоша болест и да ја наполни душата со топлина и здравје. Ти благодарам Битолско чупе што ми помогна и ми го покажа вистинскиот пат до срцето на Ева. Ах, едвај чекам да дојде понеделник и повторно да ја видам мојата најдобра другарка!”

 

Емпатија кај децата
Емпатијата е способност за разбирање на емоциите на другите луѓе и правилен начин на реагирање на истите. Да се чувствув...
7
Драматизација на приказната за Јана
За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 2012. Целта на приказнат...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Izbor na ime
*Elena*

Izbor na ime

Martin (26%)

Damjan (49%)

Ognen (25%)


Број на сите гласови: 158

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!