vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Јана црташе многу убаво. Имаше нацртано сто цртежи со преубави шарени фустани. Немаше друга облека за на училиште, имаше само еден фустан кој беше обелен и стар. Мечтаеше да има нов бел фустан, кој ќе може да го замени со стариот излитен фустан.
Во училиштето се организираше натпревар по цртање. Учителката знаеше дека Јана убаво црта и дека добро ќе и дојде наградата, па ја пријави на натпреварот. Јана беше пресреќна.
- Ах колку би сакала да победам на натпреварот. Можеби наградата ќе биде фустан, за кој толку многу мечтаам, размислуваше во себе на часот по ликовно. Постојано погледнуваше во својот стар фустан со голема тага во очите. А кога ќе го земеше моливот да црта, истите тажни очиња светнуваа од радост.
Нејзините другарки забележаа и почувствуваа колку Јана сака да победи на натпреварот. Сите во одделението се договорија да гласаат за Јана и ја наговорија учителката наградата да биде убав, бел, раскошен фустан.
Натпреварот почна, а Јана за многу брзо време нацрта прекрасен фустан на хартијата. Пресреќна го предаде својот цртеж на учителката. Гласањето започна. Сите деца гласаа за Јана и таа победи. Беше пресреќна и зачудена, бидејќи никому не кажа колку сака да има нов фустан. Но нејзините другари без зборови ја разбраа нејзината желба и и го подарија својот глас. Јана доби нов фустан, а и многу прегратки од другарчињата.
Заклучок од приказната: Имајте разбирање за чувствата на вашите другарчиња. Тоа може да ги направи среќни.
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
Земете активно учество во акцијата Прегратка на дар |
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...