vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Со задоволство ве покануваме на хуманитарниот настан на МАМАС, македонски традиционални рецепти и семејниот интернет медиум Рингераја, во соработка со здружението Во мојот свет, на 21-ви декември (сабота) во игротека Тиквичка во Карпош 4 од 12 до 13.30 часот.
Во прекрасниот амбиент на игротеката Тиквичка, со звуците на прекрасна детска музика и аниматорките кои ќе го развеселат и разиграат секое детенце, дојдете да направиме мустаќи од ајварче на Mama's и да се заблажиме со вкусните слатка.
Предновогодишниот настан ќе биде отворен за сите оние кои што сакаат да дегустираат, да се дружат и да го поздрават овој хуман подвиг.
Дојдете да се забавуваме и нашите другарчиња да ги израдуваме!
МАМАС несебично ќе додели 25 пакети со зимница на социјално загрозените семејства со деца со аутизам.
Сите посетители можат исто така да дадат свој допринос во хуманитарната акција.
Преку заедничка дружба да помогнеме на оние кои што им е најпотребна помошта!
Ве очекуваме,
МАМАС
Рингераја.мк
Здружение на граѓани за третман на лицата со Аутизам,
АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ - Скопје.

3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...