propertydealer во 16:52
на тема RE: Рингераја радио
Рингераја: Какви производи има во Вашата понуда и со кои техники работите?
Нелка креации: Во мојата понуда има најразлични рачни изработки,ѕидни декори,во облик на виножита,цветови, пеперутки,ѕидни декори во облик на балончиња на топол воздух,во новогодишната понуда имаше и новогодишни виножита, џуџиња,рачно изработени лампиончиња...
За изработките користам јаже и конец, вуница, па потоа готовиот производ може да биде украсен со дрвени декорации во облик на цветови, пеперутки, ѕвездички, месечинки, да биде и персонализирано со име...
Рингераја: Од кога и како започнавте со изработките?
Нелка креации: Започнав во март 2022 година. Приказната како започнав за мене е баш интересна,сакав да им направам на моите ќерки ѕиден декор виножито, дома имаме едно катче, едно наше омилено просторче богато со изработки кои си ги изработуваме дома, јас и како малечка бев вистинска креативна душа, секогаш нешто смислував, правев од глина, лепев, сечев, а најмногу цртав, ете баш за тоа сум најмногу горда на себе, што таа креативност остана во мене, а и успешно се пренесе и на моите ќерки, секогаш дома имаме занимација да се изработи нешто креативно.....а сега да се навратам на приказната како започна, отидовме во продавница за вуници, првото влегување таму беше како да влегов во некој волшебен свет на бои, фантазија, не можевме да се одлучиме кои бои да ги купиме, од планирани 5 вуници ние си заминавме од таму со една голема торба полна вуници, ама баш во сите бои, го направивме и првото наше виножито во розеви нијанси, потоа ај да пробаме со други бои направивме друго, па трето, па четврто......и така започна оваа приказна, идеите надоаѓаа, а и кога го правиш она што ти прави задоволство, среќа, исполнетост, е тогаш тоа е вистинско уживање и нема застанување, туку само уште поголема желба за творење и создавање на ракотворби кои знаеш дека некој ќе израдуваат и ќе разубават нечиј дом.
Рингераја: Секој производ за изработка бара одредена вештина, различни материјали, одредено време и услови. За кој би рекла дека е наједноставен, а кој претставува најголем предизвик?
Нелка креации: Наједноставен предизвик ми се најмалечките виножита изработени како привезочиња, а најголем предизвик ми се ѕидните декори во облик на балончиња на топол воздух, исто најголем предизвик ми е кога купувачите сакаат да им изработам ракотворба за предмет кој нив им е омилен, кога јас со материјалите со кои работам на нивната идеја им дадам облик, пред скоро време таков предизвик ми беше изработка на печурки.
Рингераја: Дали потрошувачите се заинтересирани за Вашите производи? Колку нашиот народ ја цени рачната изработка воопшто?Кој производ е најпопуларен и најбаран?
Нелка креации: Има голема заинтересираност, моментално најбаран и најпопуларен се виножитата,најмногу ме радува што освен како декор за во детски соби,имам и порачки за изработка на виножита како декор и на омилените катчиња на возрасните.
Па кај нашиот народ многу и не се цени рачната изработка,а под рачна изработка за мене се подразбира трошење време,труд,материјали па дури и еден куп љубов во тоа што се изработува,некако кај нас се занемарува сето тоа што подразбира рачна изработка и баш заради тоа и не се цени.
Нелка креации: Задоволството е огромно, особено кога ќе добијам позитивен feedback за изработената нарачка, а тоа е уште повеќе ми ја зголемува мотивацијата за да продолжам со изработки, исполнување на идеи, замисли за ѕидни декорации, украси кои се вистинска уникатна убавина за во секој дом.
Рингераја: Живееме во пост-пандемско време, од кое сите бевме затекнати и нашите животи добија друг размер. Луѓето станаа поактивни на социјалните мрежи повеќе од претходно. Дали како сопственик на онлајн бизнис забележувате позитивен ефект?
Нелка креации: Па од оваа страна на онлајн бизнис профил со постоење на социјалните мрежи нецела година не можам да направам баш споредба, но дефинитивно се зголеми продажбата преку социјалните мрежи.
Рингераја: Производите се достапни на Вашите профили на социјалните мрежи. Идни планови? Можеби некој нов производ?
Нелка креации: Имам во глава еден куп идеи со кои би ја проширила мојата понуда на изработки, но се во свое време, во план ми се наредно ѕидни декори за во детски соби во облик на лавче, мече зебра, диносаурс, мини маус....
Нелка креации: Би им препорачала да го следат својот сон, да бидат упорни особено на самиот почеток, да не се предаваат, бидејки кога човек она што го прави со желба, љубов и она што го исполнува секогаш вродува со плод, со успех.
И благодариме за издвоеното време на Даниела.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Овошје, зеленчук или ориз со млеко?
пеперутка16
Како почнавте да воведувате цврста храна и дали сте задоволни од тој режим и реакцијата на вашето дете? Прво го претставивме: