|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Ние сме две сестри Христина и Мартина кои се креатори на МH CandleCo. И двете сме вљубени во креативни нешта полни со љубов и внимание. Избравме да изработуваме свеќи затоа што даваат посебна топлина на домот. За нас домот има големо значење...

image
/11


Рингераја: Здраво Христина и Мартина. Ајде накратко да прочитаме кои се Христина и Мартина  девојки, сестри и креаторки на убави нешта.

MH CandleCo: Пред се Ви благодариме за интервјуто и за поддршката на малите бизниси. На сите нас многу ни значи вашата поддршка. Ние сме две сестри Христина и Мартина кои се креатори на МH CandleCo. И двете сме вљубени во креативни нешта полни со љубов и внимание. Короната, монотонијата, секојдневието, социјалните мрежи премногу почнаа да влијаат на нашите животи и тоа беше еден одличен момент да се тргнеме од сето тоа и да почнеме да креираме среќа. Избравме да изработуваме свеќи затоа што даваат посебна топлина на домот. За нас домот  има големо значење. И покрај тоа што сме сестри сме две различни личности со различни гледишта и желби во животот, но еве изработката на свеќи е една заедничка желба што не поврзува.

Рингераја: Прашање кое е често кога станува збор за интервју. Како и што ве натера на овој бизнис? 

MH CandleCo: Големата желба кон креативни нешта полни со внимание и љубов беше нашиот мотив да започнеме со изработка на украсни свеќи. Деталите се тие кои му даваат топлина и светлина на домот, тоа не прави среќни, па затоа MH CandleCo изработува свеќи и шири среќа.

candle1candle2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рингераја: Какви се видови на свеќи може да се најдат во вашата понуда? Што најмногу бараат клиентите?

MH CandleCo: Мh CandleCo нуди разни видови на свеќи. Од украсни свеќи кои служат како украсен детал во домот, работно место, истите може да бидат и миризливи со можност за персонализирани ароми, свеќи во чаша има можност да се додаде супресор на чат од цигари, па се до свеќи за најубавите и најважните датуми во нашите животи, родендени, свадби и секакви прослави. Сите свеќи може да одат посебно или во сетови и тоа зависи од желбата на клиентите. Се пакуваат во бели кутии со машничка и лого од нашиот бренд. Бојата на свеќите и декорациите ги избираат клиентите во зависност од нивната потреба и желба.

candle3candle4

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рингераја: Каква е постапката на подготовка на една свеќа и колку време е потребно?

MH CandleCo: За секоја свеќа начинот на изработка е во принцип ист. Се припремаат материјалите за изработка, се додава боја, мирис зависно од желбата на клиентот, само процесот на ладење на собна температура е различен кој зависи од видот и големината на свеќата.

Рингераја: На профилот може да се види дека има голема побарувачка на вашите производи за секаков вид на прослави и настани. Кажете ни нешто повеќе како оди во овој случај припремањето.

MH CandleCo: Оваа година беа тренд свеќи во кутија како уникатни парчиња за најубавите и најважните прослави. Изработувани по желба на клиентите во зависност од темата и идеата за прославите. Минимум две недели однапред се закажува термин за навреме да ги изработиме посакуваните свеќи. Имаме доволен број на модли за свеќи при што нашата мини работилница работи под полна пареа за да се стигне на време секоја нарачка.

candle5

Рингераја: Да зборуваме малку за опремата, алатките и суровините кои ги користите.

MH CandleCo: На почетокот домот - кујната ни беше наша работилница, но со оглед на големата побарувачка за нашите свеќи имаме посебен простор за нивна изработка и спремање.  Нашите свеќи се направени од природен соин восок кој не е штетен по здравјето и околината и има долготраен мирис, тој е 100% природен восок со висок квалитет. Исто така изработуваме и свеќи од медицински восок  со висок квалитет и не е штетен по здравјето. Во зависност од финансискиот статус на клиентите се избира материјалот со кој ќе се работат свеќите.

Рингераја: Како се усогласувате во однос на работата? Дали понекогаш имате спротиставени мислења во врска со некој производ?

MH CandleCo: Понекогаш имаме спротивставени мислења во однос на изработката за одредени свеќи, но на крајот на денот нашата цел е сведена на задоволување на желбите и потребите на клиентите и исполнување на роковите за достава. Кога имаме среќни и задоволни клиенти нашата желба за работа е поголема и немаме простор за спротивставени мислења.

candle7

Рингераја: Кога би требало да изработите нешто за себе што би било тоа?

MH CandleCo: За себе би изработиле  дел од свеќите кои му даваат топлина и светлина на домот. Како една од поубвавите свеќи која може да се издвои од нашата колекција е свеќата во форма на икона, која го симболизира семејството. За нас како сестри семејството има многу големо значење.

candle8

Рингераја: Што да очекуваме од Христина и Мартина и нивното MH_CANDLECO во иднина?

MH CandleCo: Во иднина нашите клиенти може да очекуваат  голем број на уникатни свеќи за секоја пригода со посебно значење, свеќи кои ќе го направат нивнит момент поразличен од другите. Следуваат најубавите прослави и празници од годината. Следете на нашиот профил mh_candleco , каде ќе можете да ги видите сите наши новогодишни и божични свеќи и сетови. 

candle9candle10

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

candle11candle12

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рингераја: Збор два за крај на овој разговор.

MH CandleCo: Само тоа што се работи со желба и љубов тоа успева во животот. Бидете свои, бидете уникатни и единствени во тоа што го работите . Никогаш не се двоумете дали да посегнете по нешто бидејќи можеби баш тоа е вистинското за вас. Живеjте го животот со полна пареа. Среќата е во малите нешта.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холисти...
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазвој и создавање на баланс во животот. Јас сум холист...
16
Трудничкиот стил на Хали Бери
Иако во четириесетите, иако бремена, Хали изгледа заносно. И гордо. Таа го очекува второто дете со сопругот Оливиер Март...
3
Фото: Се венчале па скокнале во море!
Што ти е љубов: Младоженците Кристина и Кристијан од Хрватска на необичен начин го овековечиле почетокот на заедничкиот ...
3
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мајка. Сите три сме со различни професии, економист, ...
3




Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?