Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
/181
Мајката на здраво дете има милион желби за здравје, среќа и успех пред Новогодишните празници.
Majката на болното дете има само една, единствена желба - нејзиното дете да оздрави!
Се надеваме дека енергијата која ја пренесовме во овие три месеци со проектот "Прегратка на дар", искрените желби за здравје и топлината на прегратката апсорбирана во играчката направена од срце, ќе помогнат за побрзо закрепнување на болните дечиња.
Играчките изработени во искрената хуманитарна акција го наоѓаат своето место, покрај болното детско срце.
Во Детското одделение на Општа болница "Борка Талески" - Прилеп на 28.12.2011 година, беа подарени околу 60 играчки-прегратки кои ќе им бидат поделени на болните дечиња за време на Новогодишните празници. Исто така, играчки беа подарени и на сите деца кои во овој момент се наоѓаат во болница.
Членовите на Рингераја.мк и претставникот на Healthaid беа срдечно пречекани од директорот на болницата Др.Илија Богатиноски, началникот на Детското одделение Др. Менче Настоска Кадинец, главната сестра и целиот персонал на детско одделение. Голема благодарност до сите нив!
Среќни празници драги дечиња и што поскоро да се вратите во своите домови, градинки, покрај своите родители и другарчиња!
Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Список на здрави навики пред зачнување
Подготовката за бременост започнува многу пред позитивниот тест. Навик...
Може ли лукот да излечи габична инфекција?
Лукот со векови се користи како природен лек за имунитет, настинки и в...
Домот треба да биде место на удобност и мир, но истовремено и безбеден...
Тежината на едно бебе, а љубов колку цел универзум
Бебето има неколку килограми. Може да се измери, да се запише во карто...
Доење.
пеперутка16
Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?