Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
/181
Мајката на здраво дете има милион желби за здравје, среќа и успех пред Новогодишните празници.
Majката на болното дете има само една, единствена желба - нејзиното дете да оздрави!
Се надеваме дека енергијата која ја пренесовме во овие три месеци со проектот "Прегратка на дар", искрените желби за здравје и топлината на прегратката апсорбирана во играчката направена од срце, ќе помогнат за побрзо закрепнување на болните дечиња.
Играчките изработени во искрената хуманитарна акција го наоѓаат своето место, покрај болното детско срце.
Во Детското одделение на Општа болница "Борка Талески" - Прилеп на 28.12.2011 година, беа подарени околу 60 играчки-прегратки кои ќе им бидат поделени на болните дечиња за време на Новогодишните празници. Исто така, играчки беа подарени и на сите деца кои во овој момент се наоѓаат во болница.
Членовите на Рингераја.мк и претставникот на Healthaid беа срдечно пречекани од директорот на болницата Др.Илија Богатиноски, началникот на Детското одделение Др. Менче Настоска Кадинец, главната сестра и целиот персонал на детско одделение. Голема благодарност до сите нив!
Среќни празници драги дечиња и што поскоро да се вратите во своите домови, градинки, покрај своите родители и другарчиња!
Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Кога парот се обидува да добие бебе, често се поставува прашањето: дал...
Дали денот на овулација е најплодниот ден?
Денот на овулацијата се смета за еден од најплодните денови во менстру...
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...
Како функционира ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (IVF - in vitro fertilization) е асистирана репр...
Што е ПАП тест и зошто е толку важен?
ПАП тестот е едноставен, брз и безболен гинеколошки преглед кој има ог...